#57 Лице в лице – печатено издание
150 ден
Овој број е посветен темата „Ja имаш ли вистинската „почва“ на твоето работно место?“.
Дознај зошто генерацијата Зет го менува лицето на пазарот на труд и како компаниите треба да се прилагодат за да преживеат.
Ja имаш ли вистинската „почва“ на твоето работно место?
Компаниите се соочуваат со нови предизвици – како да ја задржат продуктивноста, да ја мотивираат работната сила и да изградат работна култура во која што „вајбот“ е добар. А „вајбот“ не се гради со „Пауер поинт“, туку со искреност. Со менторство. Со дијалог. И со храброст да се биде човечен. Според најновите глобални и регионални истражувања, вработените сè почесто ја оценуваат својата организација според тоа дали ги поддржува, инспирира и вклучува – или, напротив, ги одвраќа со токсична средина и неусогласени вредности.
Овој број е посветен токму на оваа тема.
Дознај зошто генерацијата Зет го менува лицето на пазарот на труд и како компаниите треба да се прилагодат за да преживеат.
Во ова моќно и инспиративно издание ќе прочитате:
🌍 Зошто младите ја напуштаат работата ако таа влијае негативно на нивното ментално здравје
🌱 Како новата работна сила бара смисла, припадност и позитивен општествен импакт
📉 Зошто традиционалните бизниси се на пат кон неуспех ако не ја променат својата „ДНК“
💡 Како компаниите можат да привлечат и задржат млади таленти
🔎 Ексклузивни содржини со инспиративни бизнис лидери, за социјалното менторство како холистичко решение за одржлив пазар на труд, за иднината на работата, за регенеративното лидерство…
„Лице в лице“ број 57 ќе го најдете и кај нашите продавачи на улиците на Скопје, Битола, Куманово, Неготино, Пробиштип и Прилеп. Повеќе за нашата мрежа на партнерски организации има на овој линк.