Новогодишна честитка GIF: Bliss, Георги Равански

200 ден

„Bliss“, Георги Равански
GIF честитка

Палавите игри во снегот се доволен потсетник на детството.
Доколку сакате некој ваш близок да вратите во детските години, или пак, едноставно сакате да споделите радост, можете да го направите тоа со оваа  GIF честитка на Георги Равански.

17 продадени во последни 3 минути

Вклучи износ за донација во својата кошничка

Твојата донација ја вложуваме во социјалната иновација Социјално менторство, преку која се менторираат продавачите на „Лице в лице“ и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд, како и во други развојни програми во рамките на нашата платформа.

Кликни на копче со износ, а потоа на копчето „Донирај за ЛВЛ“. Така во кошничката на нашата е-продавница на сајтов ќе додадеш производ донација. Потоа продолжуваш до кошничката и ја комплетираш нарачката. На крајот плаќаш со картичка.

Така, успешно ја комплетираш својата донација за „Лице в лице“. За помош, контактирајте нѐ на [email protected] или на 02 2 466 444.

100 ден
300 ден
600 ден
1,000 ден
3,000 ден
6,000 ден
43 се на оваа страна
Опис

Честитките на веб-продавница со 100% влог во заедницата

Оваа година, целата колекција на дизајнерски честитки на „Лице в лице“ е достапна и онлајн. Секој мотив е создаден од македонски уметници кои ја поддржуваат нашата мисија уште од самиот старт – Андреа Бојковска, Ване Костуранов, Варвара Николова (Ва Дот), Георги Равански, Зоран Инадески, Иван Петрушевски (Флим), Кокидо, Ружица Мандичевска (Руки Чуки). Огромна гушка и благодарност до сите нив.

Секој денар од онлајн продажбата го вложуваме назад во заедницата за:

  •  Развој на нови производи кои овозможуваат работна интеграција
  •  Унапредување на платформата „Лице в лице“
  •  Социјално менторство за нашите продавачи
  •  Развој на Мрежата на партнерски организации на „Лице в лице“
  •  Креирање нови можности за вработување и ангажман

Кога ќе ја испратите честитката, испраќате и порака дека верувате во инклузивно, праведно и солидарно општество.

Во делот од годината каде што споделуваме убави желби и подароци, вие правите инвестиција  во луѓе, во иднина, во промена.

Секоја честитка што носи радост кај вас и вашите блиски, се претвора во можност за „Лице в лице“ – за нашите продавачи и за заедница која вложува во себе.

.#МоментЗаПромена
#ЛицеВЛицеЧеститки

Дополнителни информации
GIF Честитка

GIF Честитка

Донирај за ЛВЛ