Еднодневно враќање кон себе си: декемвриска пауза помеѓу она што беше и она што допрва доаѓа со Небојша Илијевски
7,900 ден Original price was: 7,900 ден.4,500 денCurrent price is: 4,500 ден. (+0% ДДВ)
Капацитетот е ограничен на 15 учесници. Сите детали за фасилитаторот и за ритритот се на овој линк
Сабота, 20-ти декември 2025, од 10.00 до 17.00 часот
Јога студио „Кеншо“, Водно, Панорама Сквер Насоки најди тука
Информации за испорака: 3-5 работни денови
13 на залиха
Во Новата 2026-та година, влегуваме со нови производи и услуги кои се достапни преку веб платформата на „Лице в лице“. Ова е и место за сите прекрасни луѓе со прекрасни идеи и дела, кои со години соработуваат со нас и даваат голем придонес кон мисијата на „Лице в лице“.
Капацитетот е ограничен на 15 учесници. Сите детали за фасилитаторот и за ритритот се на овој линк
2025-та!? Благодарам. Следна!
Како ќе влеземе во 2026? Од место на исцрпеност и вишок емотивен набој или од местото во кое владее мир, отвореност и енергичност?
Оваа програма е за тебе ако:
Го чувствуваш „поголемото, вистинското“, но сè уште не можеш да го именуваш
Си во – „доста ми е“ од истите обрасци што се повторуваат и подготвен/а конечно поинаку да ги истретираш
Сакаш практични сознанија, не духовни фрази
Си ОК да се почувствуваш нелагодно на еден ден во замена за цеела година со јасна насока
Што го прави ова искуство поинакво:
Не почнуваме од твоите цели. Почнуваме од мудроста на твоето тело. Одговорите што ги бараш не се во твојата глава – тие се во обрасците што ги живееш. Програмата помага да ги видиш, да ги ослободиш и да почувствуваш што е тоа новото, подготвено да се роди за тебе.
Политика за испорака
Во делот на продавница на „Лице в лице“, достапни се дигитални верзии на уличното списание за одржлив развој, како и дигитални и печатени честитки/картички.
Испораката се врши на местото кое е наведено како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.
Корисникот е должен да обезбеди точна адреса и доволно насоки за да може да се изврши доставата.
Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот, Лице в лице / Паблик нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
Доставата на честитките/картичките во земјава чини 170 денари. Доставувањето на дигиталните производи се врши автоматски, на електронската адреса која ја има наведено корисникот при нарачката.
Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“ и вообичаено е 3-5 работни денови.
Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава.
Лице в лице / Паблик го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои Лице в лице / Паблик не е во можност да ги спречи, избегне или отстрани.
При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот.
Враќање на производи и рефундирање на средства
Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од Лице в лице / Паблик има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неупотребени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Производите мора да се вратат неотворени, неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од Лице в лице / Паблик, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на Лице в лице / Паблик.
Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во Лице в лице / Паблик.

Во Новата 2026-та година, влегуваме со нови производи и услуги кои се достапни преку веб платформата на „Лице в лице“. Ова е и место за сите прекрасни луѓе со прекрасни идеи и дела, кои со години соработуваат со нас и даваат голем придонес кон мисијата на „Лице в лице“.