По сообраќајната несреќа, нашиот продавач, Кристијан Марковски Кико, не може активно да работи, па „Лице в лице“ иницираше активност со која ги повикува сите негови поддржувач(к)и – да купат електронско „Лице в лице“ од неговата онлајн продавница, а ние, собраните средства, ќе ги вложиме за да го поттикнеме процесот на неговата рехабилитација.
Повеќе за оваа иницијатива на овој линк.
Тој е дипломиран комуниколог. Вклучен е како продавач од редовите на Црвениот крст на Град Скопје каде е и долгогодишен волонтер. Ќе го препознаете по харизмата и секогаш насмеаното лице, но и по одговорноста и упорноста.
Преку социјалните мрежи, кои, вели, се идеална алатка и за продажба на „Лице в лице“, Кико редовно комуницира со своите пријатели и поддржувачи:
– Me радува што имам можност да работам каде и да сум. Освен што купувате списание или годишна претплата, ви посочувам и да го читате списанието, за да ја одржувате својата мисла здрава и активна – вели Кико.
Прочитај повеќе за него на овој линк.
Негова желба е да стане телевизиски новинар, па преку социјалното менторство, тој се насочува кон оваа цел. Така, со поддршка на тимот на „Лице в лице“, Кико ги градеше своите вештини во креирање видео содржини. Почетните обиди беа во формат на reels на инстаграм, кои може да ги видите на профилот на „Лице в лице“.
Политика за испорака
Во делот на продавница на „Лице в лице“, достапни се дигитални верзии на уличното списание за одржлив развој, како и дигитални и печатени честитки/картички.
Испораката се врши на местото кое е наведено како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.
Корисникот е должен да обезбеди точна адреса и доволно насоки за да може да се изврши доставата.
Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот, Лице в лице / Паблик нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
Доставата на честитките/картичките во земјава чини 170 денари. Доставувањето на дигиталните производи се врши автоматски, на електронската адреса која ја има наведено корисникот при нарачката.
Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“ и вообичаено е 3-5 работни денови.
Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава.
Лице в лице / Паблик го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои Лице в лице / Паблик не е во можност да ги спречи, избегне или отстрани.
При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот.
Враќање на производи и рефундирање на средства
Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од Лице в лице / Паблик има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неупотребени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Производите мора да се вратат неотворени, неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од Лице в лице / Паблик, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на Лице в лице / Паблик.
Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во Лице в лице / Паблик.
