Обука: Преговарачки вештини за секојдневен успех со Викторија Јордановска
16,000 ден Original price was: 16,000 ден.12,000 денCurrent price is: 12,000 ден.
Не добиваш тоа што заслужуваш, добиваш тоа што ќе испреговараш.
Програма за професионалци кои сакаат да носат одлуки со јасност и да ги водат разговорите до резултат.
Состанокот почнува со план. Завршува со компромис што не беше дел од планот.
И после тоа доаѓа она тивко прашање: „Каде ја изгубив насоката?“
Преговарањето не се губи во разговорот. Се губи во подготовката. Во моментот кога влегуваш со „ќе импровизирам“, веќе заостануваш.
Кратко и јасно.
А замисли како…
Влегуваш на состанок со јасно дефинирана позиција. Имаш стратегија за текот на разговорот. Ги предвидуваш прашањата пред да бидат поставени.
И кога доаѓа притисок…
Не реагираш. Водиш.
Токму тоа е целта на новата програма „Преговарачки вештини за секојдневен успех“ со Викторија Јордановска.
Информации за испорака: 3-5 работни денови

Како изгледа процесот?
- 4 сесии:
5, 12 и 26 мај 2026 – онлајн од 17:30-19:00ч
19 мај 2026 – во живо во Скопје, 10:00-16:00ч - интерактивна работа
- симулации на реални ситуации
- простор каде можеш да пробаш, да згрешиш и да научиш, затоа што само така се гради сигурност.
Што ќе научиш, конкретно?
Како да влезеш подготвен/a на секој состанок со јасна стратегија и сценарија;
Како да поставиш граници и да ги задржиш без напнатост;
Како да ги користиш тактиките во реални ситуации, не само како концепт;
Како да читаш сигнали, вербални и невербални;
Како да создадеш однос што гради доверба, без да делуваш наметливо;
Како да водиш разговор и кога другата страна притиска.
„Дали ова ќе го применам во пракса?“
Ова е најчестото прашање што го слушам. Затоа што има многу обуки каде што знаењето останува… на хартија.
Овде работиме поинаку. Ќе вежбаш. Ќе влезеш во сценарија. Ќе направиш грешка тука – за да не ја направиш таму каде што ќе те чини.
И тоа прави разлика.
Што менуваш после ова?
Влегуваш на состаноци со јасност. Комуницираш со намера. Носиш одлуки со сигурност.
И најважно… Не дозволуваш разговорот да те однесе таму каде што не сакаш.
Ако се двоумиш: „Дали ова навистина вреди за цената?“
Само размисли колку чини една лоша одлука. Или една пропуштена зделка. Секој разговор во кој не си се изразил/а? Секое „да“ што сакал/а да биде „не“?
Ова не е трошок.
Ова е вештина што ќе ја користиш цел живот.
Само сега, за оваа прва програма инвестицијата е:
16.000 денари целосна инвестиција
12.000 денари со рана уплата до 20 април
Контактирајте нè на [email protected] за можности за плаќање на рати, како и за дополнителни попусти за компании со повеќе од 3 пријавени учесници.
Во цената се вклучени материјали и сертификат.
Оваа програма е за тебе ако:
- Во секојдневието, но и на работа носиш одлуки што имаат последици
- работиш со луѓе и интереси
- сакаш структура во комуникацијата

Фотографија од обука со Викторија Јордановска
Преговорите не се случуваат само на маса. Тие се случуваат секој ден. Кога бараш покачување. Кога поставуваш граници. Кога продаваш. Кога се обидуваш да бидеш разбрана/разбран. И секој пат кога не знаеш како да водиш разговор — некој друг го води наместо тебе.
Ако чувствуваш дека е време…
Резервирај си место.
Ќе работиме сериозно.
Ама и човечки.
Се гледаме на 5-ти мај.
Викторија
П.С. Оваа услуга е дел од новата едиција „Свесност“, иницијатива на „Лице в лице“ што ги спојува македонските умни с(о)весни луѓе, креативци и одржливи практики за подобра иднина.
Со секое купување ја поддржувате оваа заедница, нашата мисија и можноста да градиме нов систем на свесност.
Политика за испорака
Во делот на продавница на „Лице в лице“, достапни се дигитални верзии на уличното списание за одржлив развој, како и дигитални и печатени честитки/картички.
Испораката се врши на местото кое е наведено како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.
Корисникот е должен да обезбеди точна адреса и доволно насоки за да може да се изврши доставата.
Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот, Лице в лице / Паблик нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
Доставата на честитките/картичките во земјава чини 170 денари. Доставувањето на дигиталните производи се врши автоматски, на електронската адреса која ја има наведено корисникот при нарачката.
Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“ и вообичаено е 3-5 работни денови.
Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава.
Лице в лице / Паблик го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои Лице в лице / Паблик не е во можност да ги спречи, избегне или отстрани.
При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот.
Враќање на производи и рефундирање на средства
Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од Лице в лице / Паблик има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неупотребени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Производите мора да се вратат неотворени, неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од Лице в лице / Паблик, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на Лице в лице / Паблик.
Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во Лице в лице / Паблик.

Што менуваш после ова?