Новогодишна честитка GIF: Together we stand, Kokido

200 ден

Знаете кога сме сите заедно? Кога едни на други си посакуваме убави работи.
Со оваа честитка која е илустрација на „Кокидо“, можете да го споделите чувството на заедништво со сите ваши блиски и сакани.

85 продадени во последни 3 минути

Вклучи износ за донација во својата кошничка

Твојата донација ја вложуваме во социјалната иновација Социјално менторство, преку која се менторираат продавачите на „Лице в лице“ и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд, како и во други развојни програми во рамките на нашата платформа.

Кликни на копче со износ, а потоа на копчето „Донирај за ЛВЛ“. Така во кошничката на нашата е-продавница на сајтов ќе додадеш производ донација. Потоа продолжуваш до кошничката и ја комплетираш нарачката. На крајот плаќаш со картичка.

Така, успешно ја комплетираш својата донација за „Лице в лице“. За помош, контактирајте нѐ на [email protected] или на 02 2 466 444.

100 ден
300 ден
600 ден
1,000 ден
3,000 ден
6,000 ден
23 се на оваа страна
Опис

„Together we stand“,  Кокидо
Gif честитка

Честитките на веб-продавница со 100% влог во заедницата

Оваа година, целата колекција на дизајнерски честитки на „Лице в лице“ е достапна и онлајн. Секој мотив е создаден од македонски уметници кои ја поддржуваат нашата мисија уште од самиот старт – Андреа Бојковска, Ване Костуранов, Варвара Николова (Ва Дот), Георги Равански, Зоран Инадески, Иван Петрушевски (Флим), Кокидо, Ружица Мандичевска (Руки Чуки). Огромна гушка и благодарност до сите нив.

Секој денар од онлајн продажбата го вложуваме назад во заедницата за:

  •  Развој на нови производи кои овозможуваат работна интеграција
  •  Унапредување на платформата „Лице в лице“
  •  Социјално менторство за нашите продавачи
  •  Развој на Мрежата на партнерски организации на „Лице в лице“
  •  Креирање нови можности за вработување и ангажман

Кога ќе ја испратите честитката, испраќате и порака дека верувате во инклузивно, праведно и солидарно општество.

Во делот од годината каде што споделуваме убави желби и подароци, вие правите инвестиција  во луѓе, во иднина, во промена.

Секоја честитка што носи радост кај вас и вашите блиски, се претвора во можност за „Лице в лице“ – за нашите продавачи и за заедница која вложува во себе.

.#МоментЗаПромена
#ЛицеВЛицеЧеститки

Дополнителни информации
GIF Честитка

GIF Честитка

Донирај за ЛВЛ