Контролорот Здружение на граѓани за истражување, комуникации и развој „Паблик“ посветува значително внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси, преку примена на стандардите утврдени со законските и со подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со интерните акти на здружeнието.
Оваа политика на приватност дава информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб-страница (во натамошниот текст „страница“) и/или кога ја користите на друг начин, односно кога се регистрирате на неа.
Оваа политика на приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник бр. 42 од 16.2.2020 година.
Заштитата на личните податоците е наш приоритет, па затоа Ве молиме внимателно да ја прочитате оваа политика за приватност.
Ве информираме дека можете да ја посетите нашата веб страница и без да ги откриете Вашите лични податоци, меѓутоа, доколку сакате да нè контактирате и да ни поставите прашања или напишете коментари или да купувате преку нашата веб страница, неопходно е да ги обработуваме Вашите лични податоци. Вашите лични податоци ги обработуваме во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
Со оваа политика за приватност, Ве информираме за природата, обемот и целта за која ги собираме, користиме и обработуваме Вашите лични податоци, за начинот на кој ги штитиме Вашите лични податоци, како и за Вашите права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци.
„Паблик“, како контролор на лични податоци, применува технички и организациски мерки за да обезбеди целосна заштита на личните податоци кои се обработуваат преку оваа веб страница. Сепак, доставувањето на личните податоци преку Интернет може да има безбедносни пропусти и не може да се гарантира апсолутна заштита.
1. Дефиниции
Политиката за приватност на Здружението за истражување комуникации и развој Паблик се заснова на термините што ги користи Законот за заштита на личните податоци (во натамошниот текст: ЗЗЛП). Таа треба да биде разбирлива за посетители на нашата веб страница. За да бидеме сигурни дека навистина е така, прво ќе ги објасниме поимите што ги користиме.
Во оваа политика за приватност, меѓу другото, ги користиме следниве поими:
Лични податоци
Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што е: име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.
Субјект на личните податоци
Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.
Обработка на личните податоци
Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.
Ограничување на обработката на податоците
Ограничување на обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.
Профилирање
Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.
Контролор
Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.
Обработувач
Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.
Корисник
Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.
Трето лице
Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.
Согласност
Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци.
2. Назив и адреса на контролорот
Здружение за истражување, комуникации и развој Паблик
ул. Орце Николов бр. 93/5
1000 Скопје
Република Северна Македонија
Телефон: + 389(0)2 2444-466
Е-маил адреса: [email protected]
Веб страница: www.public.org.mk
3. Офицер за заштита на личните податоци
Емил Махмутовиќ
Телефон: 076-408-008
Е-маил адреса: [email protected]
Секој посетител на оваа веб страница, може директно да контактира со нашиот офицер за заштита на лични податоци за какви било прашања и предлози во врска со заштитата на личните податоци.
4. Кои се начелата, правните основи и целите за обработка на личните податоци?
Ние ја почитуваме вашата приватност и собираме, евидентираме, обработуваме и чуваме лични податоци врз основа на закон, транспарентно и правично, во согласност со законските прописи и со правните основи утврдени во нив.
Личните податоци се собираат за јасни, конкретни и легитимни цели и ќе се обработуваат единствено во согласност со тие цели. Личните податоци ги обработуваме со цел ефикасно обезбедување на бараната услуга, исполнување на законските обврски, пријавување на несаканите ефекти, испраќање известувања и најефикасен одговор на вашето барање.
Притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат т.е обемот на лични податоци е мининален.
Собраните податоци може да бидат обработени за следниве цели:
- за да ви ја обезбедиме бараната услуга, односно да ви обезбедиме информации за нашите производи и услуги;
- за други цели за кои сте побарале, сте поставиле прашање или сте се согласиле, освен ако со закон не е предвидено поинаку;
- доколку контактирате или се поврзете со нас преку социјалните мрежи;
- заради исполнување на законските обврски што контролорот Паблик е должен да ги почитува и
- за анализирање на посетите на нашата страница, идентификување на интересите на корисниците и за одржување на информациската сигурност на нашата страница.
5. На кој начин ги собираме вашите лични податоци?
Во зависност од тоа како ќе изберете да комуницирате со нас, ние собираме разни видови податоци за вас. Понекогаш ни ги давате директно (на пр. кога креирате ваш профил на дигиталната платформа, кога ќе направите нарачка на веб продавницата, кога ќе ни поставите прашање, кога ќе се регистрирате за настан и сл), понекогаш ги собираме ние (на пр. користиме колачиња за да разбереме како ги користите нашите страници/апликации), а понекогаш добиваме податоци од веб-страници/апликации на трети страни (социјални мрежи).
Собираме ваши податоци преку профилот за нарачки ,,Моја сметка“ и „Мој профил“, каде при регистрација ги давате вашите лични податоци – име и презиме, адреса на електронската пошта, како и на веб продавницата, во делот на ,,кошничка“ каде се зачувуваат податоците за вашата нарачка и податоци за достава на производите.
Собираме податоци преку социјалните мрежи и платформи, преку содржината што самите ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку самите ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или платформите на трети страни како што е ФЕЈСБУК или ИНСТАГРАМ. Целата содржина што ја објавувате на социјалните мрежи и платформи е достапна за јавноста, па затоа бидете внимателни кога споделувате одредени лични податоци. Исто така, може да собереме каков било личен податок што го споделувате јавно и што е дел од вашиот профил и кои било дополнителни информации или активности што ги објавувате на социјалните мрежи и платформи.
6. Кои категории на лични податоци ги обработуваме за вас и рокови на чување на истите?
Бидејќи целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци, ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на потребите за целите за кои се обработуваат.
- Веб сајт: секогаш кога ќе ја посетите нашата страница, нашиот веб-сервер привремено ги регистрира следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Вид на уредот од кој пристапувате
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Во зависност од колачето, рокот на чување на личните податоци е различен, зависно од целта за која се наменети. Колачињата обично истекуваат по одреден временски период, кој може да биде во траење од неколку минути до повеќе од една година.
- Комуникација преку е-маил адреса и CRM: собираме име, презиме, адреса на електронската пошта и други информации поврзани со целта на вашиот контакт. Личните податоци што ни ги доставувате во врска со вашето барање може да се користат за да одговориме на прашање, за да ве информираме за тековни актуелности, како и за размена на дополнителни информации во врска со барањето. Личните податоци се обработуваат единствено за целта за која се собрани, а рокот за нивно чување е до исполнување на целта, но не подолго од 12 месеци, или пак, додека не ни дадете известување за отпишување од CRM базата.
- Социјални мрежи и платформи: може да собереме податоци преку содржината што сами ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку сами ја поставите на некоја од нашите страници или апликации, вклучително и употреба на апликациите или на платформите на трети страни, како што се: ФЕЈСБУК, ИНСТАГРАМ, и сл. Содржината може да вклучува фотографии, видеа, лични приказни или други слични содржини поврзани со „Паблик“ и „Лице в лице“ или со производи на „Паблик“ и на „Лице в лице“, различни акции, кампањи и промоции. Може да собереме каква било информација која вие ја споделувате јавно и која е дел од вашиот профил (на пр. име, адреса на електронска пошта, град во кој живеете, слика и сл.) и кои било дополнителни информации или активности кои ги објавувате на социјалните мрежи и платформи. Рокот за нивно чување е до исполнување на целтa.
- Мој профил: собираме лични податоци име и презиме и адреса на електронската пошта, овие податоци ќе ги чуваме до исполнување на целта, не подолго од 5 години од последната активност, по што контролорот може да побара и изврши бришење на креираниот профил кој е неактивен, а со тоа да се изврши и бришење на личните податоци дадени при креирање на профилот, или пак, додека не ни испратите известување за поништување на вашиот профил.
- .Нарачка: собираме лични податоци име и презиме, електронска пошта, адреса на испорака и контакт телефон, овие податоци ќе ги чуваме до исполнување на целта, не подолго од 5 години од последната активност по што контролорот може да побара и изврши бришење на креираната нарачка, или пак, додека не ни испратите известување за поништување на вашиот профил.
- Онлајн наплата: со цел комплетирање на нарачката, при ОНЛАЈН НАПЛАТАТА се собираат Ваши лични податоци од страна на обработувачот Халк Банка Скопје, со кој Паблик има договор за соработка и заштита на личните податоци. При плаќањето се собираат Ваши лични податоци само од обработувачот Халк Банка Скопје и контролорот Паблик нема пристап до овие лични податоци.
Во одредени случаи обработката на личните податоци се заснова на легитимен интерес на контролорот Паблик, или исполнување на договор или исполнување на законски обврски. Доколку пак сте дале согласност, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци сè додека не ја повлечете согласноста. Доколку направите основан приговор за обработка на личните податоци, заснован на легитимен интерес, ние нема да ги обработуваме вашите лични податоци во иднина. Доколку се поведат судски, административни или вонсудски постапки, личните податоци може да се чуваат до крајот на таквата постапка.
На нашата веб страница, интегрирана е компонентата Google Analytics. Google Analytics е услуга за веб анализа – собирање и анализа на податоците за однесувањето на корисниците на веб страниците. Меѓу другото, се собираат информации за веб страницата од која потекнува корисникот (т.н. Referrer), како и колку често и колку долго трае посетата на веб страницата. Веб анализата главно се користи за оптимизирање на веб страницата.
Компанијата што ја обезбедува компонентата Google Analytics е Google Ireland Limited, Gordon House, Barrow Street, Даблин, D04 E5W5, Ирска.
Google Analytics поставува колачиња за статистички цели на информацискиот систем на корисникот. Дефиницијата за колачиња е објаснета погоре. Со поставување колачиња, Google може да ја анализира употребата на нашата веб страница. Колачето се користи за собирање и чување на податоци, како што се времето на пристап, местото од каде се пристапува и зачестеноста на посетите на нашата веб страница од страна на корисникот. Со секоја посета на нашата веб страница, ваквите лични податоци, вклучително и IP-адресата што ја користи корисникот за пристап до Интернет, ќе бидат пренесени на Google во САД и зачувани од Google во САД. Google може да ги пренесе овие лични податоци на трети лица.
Со соодветно прилагодување на веб пребарувачот можете да спречите поставување на колачиња преку нашата веб страница, но и трајно да забраните поставување на колачиња. Ваквото прилагодување на веб пребарувачот исто така би спречило Google Analytics да поставува колачиња на Вашиот информациски систем. Покрај тоа, колачињата што веќе ги користи Google Analytics може да се избришат во секое време преку веб пребарувач или други софтверски програми.
Дополнителни информации и важечки одредби за заштита на податоците од Google може да се преземат на:
https://policies.google.com/privacy?hl=en и
https://marketingplatform.google.com/about/analytics/terms/us/
Google Analytics е дополнително објаснет на следниот линк:
https://marketingplatform.google.com/about/analytics/
Обработката на вашите лични податоци е доброволна и во секое време може да ја повлечете својата согласност дадена за овие цели, со тоа што за подетални информации видете во секцијата „Кои се вашите права“. За да дознаете повеќе како ги добива ПАБЛИК вашите податоци од социјалните мрежи на трети страни или да изберете да не споделувате информации од социјалните мрежи, прочитајте ја политиката за приватност на соодветната социјална мрежа и платформа.
7. Како ги чуваме вашите лични податоци?
ПАБЛИК ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највисоко ниво на тајност и на заштита на обработката на вашите лични податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на нив. Пристапот до вашите лични податоци е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци заради остварување на целта за која се дадени.
Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата страница со трети лица, освен во случај на ангажирање даватели на услуги, доколку ПАБЛИК ги ангажира како обработувачи, со што ќе бидат обврзани да постапуваат според упатствата на ПАБЛИК и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедување на тие услуги, во согласност со апликативните законски прописи за заштита на личните податоци.
Компанијата што ја обезбедува услугата за CRM е Р3 Инфомедиа ДООЕЛ (InOne).
Повеќе за овој сегмент, може да прочитате на овој линк https://inone.mk/privacy-policy?msgtargetuserid=RF0sLmSS+0/iwl9M/FU4Pw==
Ниту ние ниту нашите партнери нема да ги пренесеме вашите лични податоци на трети страни во каква било форма, освен ако не добиеме ваша согласност или ако сме законски обврзани да го сториме тоа. ПАБЛИК задржува контрола над употребата на овие податоци.
8. Кои се вашите права?
ПАБЛИК гарантира остварување на сите ваши законски права во врска со обработката на вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од ПАБЛИК:
- Право на пристап (член 19) – право да поднесете барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани;
Барање за пристап до личните податоци
- Право на исправка (член 20) – доколку откриете дека вашите лични податоци што ги обработуваме не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка;
Барање за исправка на личните податоци
- Право на бришење т.е ,,право да се биде заборавен” (член 21) – право да побарате од ПАБЛИК да ги избрише вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
Барање за бришење на личните податоци
- Право на ограничување на обработката (член 22) – право да побарате „Паблик“ да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
Барање за ограничување на обработка на личните податоци
- Право на преносливост на податоците (член 24) – право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од ПАБЛИК;
Барање за преносливост на личните податоци
- Право на приговор (член 25) – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон.
- Право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете својата согласност за користење на вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
Барање за повлекување на согласност
- Право на поднесување на барање до Агенција за заштита на лични податоци – ако сметате дека начинот на кој ПАБЛИК ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело, по која ќе се постапува на ист начин како и секое друго поднесено барање, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци. https://dzlp.mk/mk/node/3274
Контролорот за барањето на субјектот на личните податоци е должен да достави информација за преземените активности т.е за остварување на правата на субјектот на личните податоци, без непотребно одложување и во секој случај во период од 30 денови, од денот на приемот на барањето и целосно бесплатно. Контролорот има право овој рок да биде продолжен за уште два месеци земајќи ги предвид сложеноста и бројот на барањата. Контролорот го информира субјектот на личните податоци за секое продолжување во рок од еден месец од денот на приемот на барањето, заедно со причината за одложувањето. Кога субјектот на лични податоци поднесува барање во електронска форма, информациите се даваат со користење на електронски средства каде што е можно, освен ако субјектот на личните податоци побара поинаку.
Во случај кога барањата од субјектот на личните податоци се очигледно неосновани или прекумерни, особено во однос на нивниот повторувачки карактер, контролорот може да го искористи правото да наплати надоместок имајќи ги предвид обемот, сложеноста и времето потребно за обезбедување на информацијата или комуникацијата или постапувањето по барањето или да одбие да постапи по барањето. Докажувањето на неоснованоста или прекумерниот карактер на барањето паѓа на товар на контролорот. Каде што контролорот има основано сомневање во врска со идентитетот на субјектот на личните податоци, контролорот може да побара доставување на дополнителни информации потребни за утврдување на идентитетот на субјектот на личните податоци. Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци, ве молиме пристапете на линковите погоре, пополнете го соодветниот образец и испратете ни го преку електронската пошта или преку поштенската адреса наведени во точка 1 и 2.
9. Дали вршиме пренос на лични податоци?
Серверите на веб страниците www.public.org.mk и https://lvl.vebstrana.com/ се во земјава, со што не се врши пренос на личните податоци надвор од Северна Македонија
10. Каталог на збирки на лични податоци
БР. 1 – збирка за вработени во друштвото
БР. 2 – збирка за клиенти – правни и физички лица
БР. 3 – збирка на податоци надворешни соработници
БР. 4 – база на потенцијални вработени /кандидати пријавени на оглас за вработување
11. Промени во политиката за приватност на личните податоци
ПАБЛИК Скопје има право да ја ажурира оваа политика за приватност на личните податоци во кое било време. Кога ќе го направиме тоа, ќе дадеме известување на интернет страницата и ќе го ревидираме датумот на ажурирање на крајот на оваа страница. Корисникот прифаќа и се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува политиката за приватност и дека е свесен за промените.
Во секое време, доколку имате дополнителни прашања, може да контакирате со Офицерот за заштита на лични податоци.
Со цел да ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:
- име на веб-страницата / профил / форма на која се повикувате и ваша врска и интеракција со нас и
- опис на барањето/информациите што би сакале да го/ги добиете од нас.
Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци од страна на ПАБЛИК не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци.
Оваа Политика за приватност е последен пат ажурирана на 21.2.2022 година.
Политика за колачиња
На нашите веб страници https://lvl.vebstrana.com/ и на https://public.org.mk ние се трудиме да ја почитуваме вашата приватност и заштита на сите ваши лични податоци што ги собираме од посетителите кои ја користат нашата веб страница, а при кое собирање ПАБЛИК дејствува како контролор на личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Нашата веб страница користи колачиња, кои ни овозможуваат да Ви обезбедиме подобра услуга, и доставување на содржините и рекламите до вас додека ја користите нашата веб страница.
Оваа политика за колачиња (Cookie Policy) ги опишува видовите колачиња што ги користиме на веб страницата и целите за нивна обработка.
Доколку имате прашања, ве молиме да не контактирате на [email protected]. За повеќе информации за заштита на правата на приватност во нашата организација, Ве молиме да ја прочитате нашата Политика за приватност.(линк до политиката за приватност)
Доколку имате прашања околу политиката за приватност можете да го контактирате овластеното лице за заштита на личните податоци Емил Махмутовиќ контакт маил: [email protected]
Внимателно прочитајте ја оваа политика за колачиња за сите детали околу користење на колачињата и информациите што ги собираме за вас и од вас.
Дефиниција на колачиња
Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате.
Колачињата се користат многу често од сопствениците на веб-страниците со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Овие текстуални датотеки може да бидат прочитани од веб-страниците што ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб-страницата.
Колачињата поставени од сопственикот на веб-страницата или од провајдерот на услуги (во овој случај ПАБЛИК, се нарекуваат „колачиња на првата страна“. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб-страницата, се нарекуваат „колачиња на трети страни“.
Постојани колачиња: овие колачиња остануваат на уредот на корисникот за временски период определен во самото колаче. Тие се активираат секој пат кога корисникот ќе ја посети веб страницата која го има поставено тоа колаче.
Колачиња за сесија: овие колачиња им овозможуваат на оперторите на веб страниците да ги поврзат дејствијата на корисникот за време на сесијата во прелистувачот од каде пристапува корисникот. Сесијата почнува кога корсиникот го стартува прозорецот од прелистувачот и завршува кога ќе го затвори прозорецот од прелистувачот. Колаљињата за сесија се соиздраваат привремено. Откако ќе го затворите прелистувачот, сите колачиња за сесија се бришат.
Кои колачиња ги користиме и зошто?
Општо гледано, веб страницата користи колачиња за да ве разликува вас од други корисници на веб страницата. Ова пред сè ни помага да ви овозможиме добро искуство кога ја пребарувате веб страницата и секако ни овозможува да ја подобриме истата. Колачиљата исто така се користат за со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Колачињата што можеме да ги користиме на веб страницата може да се пдоелат на следниов начин:
- Неопходни
- Аналитични
- Перомансни/Функционирање
Некои колачиња можат да исполнат повеќе од една од наведените цели.
Неопходни колачиња ви овозможуваат да се движите низ веб страницата и да користите основни карактеристики на страницата. Без овие колачиња, не можеме да ги обезбедиме бараните услуги.
Овие колачиња ги користиме за:
- Да ве идентификуваме вас дека сте најавени на веб страницата и да ве автентифицираме
- Да се осигуриме дека сте поврзани со соодветната услуга на веб страницата кога вршиме какви било измени во начинот на функционирање
- За безбедносни цели
Доколку ги спречувате овие колачиња, не можеме да гарантираме како ќе реагира веб страницата за време на вашата посета.
Колачиња за аналитика собираат информации за тоа како ја користите веб страницата, на пр, страниците кои ги посетувате, и доколку сте искусиле грешки на нашата веб страна. Овие колачиња не собираат информации што би можеле да ве идентификуваат исе користата само за да ни помогнат да го подобриме работењето на веб страната, да ги разбереме интересите на нашите корисници и да ја измериме ефективноста на рекламирањето.
Ние користиме колачиња за аналититка за:
- Да спроведеме аналитика на веб страната: Добиваме статистика за начинот на користење на веб страната
- Да добиеме податок за бројот на корисници на веб страната што вршеле прегледи на одреден напис, продукт или услуга,
- Помош за да подобрување на веб страната со мерење на сите грешки и потфрллување што се појавуваат,
- Да тестираме различни дизајни за веб страната
Со некои од нашите колачиња, за нас управуваат и трети страни.
Колачиња за перформанс/функционалност се користата за давање на услуги или за памтење на поставките за подобрување на вашата посета.
Ние користиме колачиња за функционалност за:
- Да се запамтат поставките што сте ги примениле, односно одбрале, како што се распоредот, големината на текстот, преференции и бои,
- Да се запамти дали веќе сме ве прашале дали сакате да пополните анкет, да учествувате во наградна игра и ткн…
- Да се запамти дали сте вршеле преглед на одредени компоненти или листи на веб страната за да не ви се повторуваат
- За да покаже кога сте најавени во веб страната
Кога бараме ваша согласност?
За сите колачиња е потребна ваша согласност.
Ваша согласност бараме пред да ги поставиме колачињата на вашиот уред. Согласност можете да дадете со кликнување на соодветното копче на банерот што ви е прикажан на почеток на вашата посета. Доколку не сакате да дадете согласност или сакате да ја повелечете согласноста за било какви колачиња, во било кое време, ќе треба да ги избршете и блокирате односно оневозможите колачињата преку поставките на прелестувачот. Видете подолу во оваа политика за тоа како да го направите ова. Имајте предвид дека оневозможување на овие колачиња ќе влијае на функционалноста на веб страната и може да ве спречи да иамте пристап до одредени кракатеристики на веб страната.
Како да ги избришете или блокирате колачињата
Повеќете веб прелистувачи овозможуваат одредена контрола на повеќето колачиња преку поставките на прелистувачот. Меѓутоа, ако ги користите поставките на прелистувачот за блокирање на сите колачиња (вклучително и неопходните колачиња), можеби нема да можете да пристапите до целата веб страна или до одредени нејзини делови.
Промена на поставките за колачиња.
Поставките на прелистувачот за промена на поставките за колачиња обично се наоѓаат во менито ‘options’ или ‘preferences’ на вашиот прелистувач. Со цел да ги разбереме овие поставки, следниве линкови може да бидат корисни. Во спротивно, треба ја користиме опцијата ‘Help’ во вашиот прелистувач за повеќе детали.