Од интернет закани до реални последици: расте сајбер насилството врз девојки и жени
Дигиталното насилство сè почесто остава реални последици во животите на девојките и жените. Во изминатите три години десетици случаи се пријавени во повеќе градови во земјава – од злоупотреба на фотографии и уцени, до закани и нарушување на приватноста. Последниот случај со злоупотребени фотографии на малолетнички во Кавадарци повторно го отвори прашањето за превенција, едукација и посилна институционална реакција против сајбер насилството.