Никола Гелевски: Институциите ја балсамираат културата, а уметноста што не гризе е само мебел
Никола Гелевски е меѓу ретките сограѓани чие влијание тешко може да се смести во една професионална или уметничка категорија. Автор, уредник, издавач, основач на „Темплум“, „Окно“... хроничар и поддржувач на алтернативната културна сцена, повеќе од три децении создава простор за идеи, автори и практики кои најчесто остануваат надвор од институционалните рамки.