По Венеција, „Мајка“ пристигнува дома – новиот филм на Теона Стругар Митевска од 16 октомври во кината
По светската премиера во Венеција, филмот „МАЈКА“ на Теона Стругар Митевска пристигнува во македонските кина од 16 октомври 2025 година. Приказната, инспирирана од животот на Мајка Тереза, ја носи светски познатата актерка Номи Рапас во главната улога.