Ако живееш за игри, ова е твоето место – „Game Dev Rev 2025“ ја стартува првата македонска гејминг конференција
Асоцијацијата на македонската индустрија за видео игри (МГИ) ја организира првата национална конференција за развивање игри „Game Dev Rev 2025“, што ќе се одржи на 16 октомври во Македонскиот народен театар. Настанот ќе ги обедини студенти, креативци и професионалци од најбрзорастечката индустрија во светот.