Филмските критичари го избраа „Силјан“: Нова меѓународна награда за Тамара Котевска
„Силјан“ на Тамара Котевска продолжува да бележи успеси на светската фестивалска сцена. Филмот е добитник на FIPRESCI наградата на Краковскиот филмски фестивал, едно од најзначајните признанија што ги доделува меѓународната филмска критика.