„Саранда“ во Жеровјане, место каде различностите се мешаат, токму како и вкусовите на сладоледот
Руралните средини често се гледаат низ стереотипи, но во Жеровјане постои едно место кое ја потврдува спротивната приказна. Домашниот сладолед и традицијата ја собираат заедницата, создавајќи колаборативен простор за толеранција, пријателство и меѓуетничко разбирање.