Победнички зелени идеи: пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки
„Зелени идеи“ е годишен натпревар кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во Македонија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Грција. Секоја година по тројца претставници од секоја земја учествуваат на регионалниот натпревар, а четворица победници добиваат поддршка од 5.000 или 10.000 долари за реализација на нивните идеи.