ОПШТИ ОДРЕДБИ
Оваа интернет страница (www.licevlice.mk) е во сопственост на Здружение на граѓани за истражување, комуникации и развој ПАБЛИК од Скопје и е наменета за информирање, споделување, пребарување и купување на производи / услуги, која може да ја користат сите правни и физички лица над 18 години.
Со посетата на оваа интернет страница се согласувате и сте обврзани да ги почитувате овие Услови за користење, па затоа пред да ја користите нашата интернет страница ве молиме внимателно да ги прочитате.
„Лице в лице“ / „Паблик“ не презема никаква одговорност доколку корисникот не ги прочитал овие услови за користење и не ги применува истите.
Доколку не се согласувате со било кој дел од услови за користење, ве молиме веднаш да ја напуштите оваа интернет страница и да прекинете да ги користите услугите кои се нудат.
Овие услови за користење може да се променат во било кое време, без претходно известување.
Во овие услови за користење, под терминот „корисник“ на оваа интернет страница се сметаат посетителот и купувачот, а кои ги имаат следните значења:
– Посетител/ка на страницата е секое лице кое по пат на средствата за електронска комуникација пристапува на интернет страницата www.licevlice.mk и ја разгледува содржината, како и понудата на производи /услуги.
– Купувач/ка е физичко лице над 18 години или правно лице кое преку интернет страницата нарачува и купува производи/услуги од понудата на Лице в лице / Паблик на интернет страницата www.licevlice.mk.
За корисниците кои стапуваат во деловен однос со Лице в лице / Паблик се применуваат овие услови за користење, како и позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
ПОНУДИ, ЦЕНИ И ПЛАЌАЊЕ
Сите понуди и цени достапни на интернет страницата може да се променат во било кое време, без претходно известување.
Лице в лице / Паблик го задржува правото да ги менува понудите и цените и за промотивни цели за неодреден период, без претходно известување. Рокот за плаќање е веднаш при пласирање на нарачката. Нарачката нема да се смета за извршена доколку не е извршена трансакцијата за плаќање. Трансакциите за плаќање се процесираат преку платежен процесинг систем на овластена банка.
За сигурноста на направените трансакции за плаќање гарантира овластената банка.
Лице в лице / Паблик нема било каква одговорност за штета која може да му биде нанесена на корисникот и/или на трети лица доколку истата настанала како последица на несоодветно и неовластено користење на електронска платежна картичка, односно доколку плаќањето е извршено без знаење и согласност на сопственикот или доколку е украдена, и Лице в лице / Паблик нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
ПОЛИТИКА НА ИСПОРАКА НА ПРОИЗВОДИТЕ
Во делот на продавница на „Лице в лице“, достапни се дигитални верзии на уличното списание за одржлив развој, како и дигитални и печатени честитки/картички.
Испораката се врши на местото кое е наведено како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.
Корисникот е должен да обезбеди точна адреса и доволно насоки за да може да се изврши доставата.
Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот, Лице в лице / Паблик нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.
Доставата на честитките/картичките во земјава чини 170 денари. Доставувањето на дигиталните производи се врши автоматски, на електронската адреса која ја има наведено корисникот при нарачката.
Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“ и вообичаено е 3-5 работни денови.
Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава.
Лице в лице / Паблик го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои Лице в лице / Паблик не е во можност да ги спречи, избегне или отстрани.
При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот.
ПОЛИТИКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И РЕФУНДИРАЊЕ НА СРЕДСТВА
Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од Лице в лице / Паблик има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неупотребени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Производите мора да се вратат неотворени, неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.
Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од Лице в лице / Паблик, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на Лице в лице / Паблик.
Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во Лице в лице / Паблик.
РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИ
Овие услови за користење ќе се раководат и толкуваат во согласност со позитивните законски прописи на Република Северна Македонија.
Секој спор или барање кое може да произлезе од или во врска со услови за користење или во врска со нивното спроведување, страните ќе се обидат да го решат спогодбено. Во спротивно, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.