Доза вести

Книжевен и творечки фестивал за деца „Ни ден без творба“

На 24, 25 и 26 јуни, во Младинскиот културен центар ќе се одржи првиот книжевен и творечки фестивал за деца „Ни ден без творба“ во организација на издавачката куќа „Чудна шума“. Настаните, кои вклучуваат промоции на книги за деца и млади, читања и дружења со автори и илустратори на книги за деца, креативни работилници, како и летен саем „Ни ден без книга“ со книги за деца и млади на повеќе издавачки куќи, ќе се одржуваат на две локации – на платото пред МКЦ и во просториите на Детскиот креативен центар во рамки на МКЦ, секој ден од 17 до 21 часот.

Во рамки на фестивалот ќе се одржат и неколку промоции на книги за деца и млади: промоција на „Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски и илустрации на Хари Дудески – книга која ја доби првата награда за најдобра книга за деца и млади на овогодинешниот саем на книга, концертна промоција на најновата книга за деца на Владимир Лукаш – „Пу за Мите, пу за сите!“, како и промоција на изданието „Креативен дневник – ни ден без творба“ на Билјана С. Црвенковска и Доротеј Нешовски – активности по цртање и креативно пишување за 365 дена во годината.

На летниот саем „Ни ден без книга“ ќе можат да се најдат изданија за деца и млади на Чудна шума, Бегемот, Гаврош, Елоквента, Светулка, Антолог, Темплум, Светот на Биби, Сказнувалка, ПНВ публикации…

ПРОГРАМА

ПЛАТО ПРЕД МКЦ:

Петок, 24 јуни
18:00 Читање на книгата за деца „Бушава азбука“
19:00 Промоција и читање на „Пет приказни од целиот свет“ на Живко Грозданоски.
Разговорот со авторот ќе го водат Билјана Црвенковска и Владимир Мартиновски
20:00 Промоција на книгата „Гатанки мали одговор им фали“ од Ванчо Полазаревски

Сабота, 25 јуни
18:00 Читање на книга за млади „Мрежа“ од Сара Алегрини, возраст 13+
18:30 Читање на книга за деца „Uta e maleve“/„Ута од планините“ на албански и на македонски јазик, возраст 5-9 години
19:00 Концертна промоција на книгата за деца „Пу за Мите, пу за сите!“ од Владимир Лукаш
20:00 ЧУДНОШУМЦИ – читање на кратки книжевни форми за деца од домашни автори

Недела, 26 јуни
18:00 Промоција на „Креативен дневник – ни ден без творба“ на Билјана С. Црвенковска и Доротеј Нешовски
19:00 Читање на книга за деца „Розевата планета“ од Мирко Попов, пуштање на саундтрак „Розевата планета“

ДЕТСКИ КРЕАТИВЕН ЦЕНТАР:

Петок, 24 јуни
17:00 – 18:00 – креативна работилница „Бушава азбука“ со Билјана Црвенковска, возраст: од 6 до 8 години (ДКЦ, втор дел)
17:00 – 18:00 – креативна работилница „Розевата планета“ / „Planeti rozë““ со Нита Муча, возраст: од 6 до 9 години (ДКЦ, втор дел)
17:00 – 18:00 – работилница цртање и сликање со комбинирана техника (темперни, дрвени бои, фломастер хартија во боја итн… ) – „Портретите на Пикасо“ со Небуше Ајети, возраст: од 9 до 15 години (ДКЦ, прв дел, ателје)
18:00 – 19:00 – „Цртање и моделирање ликови од приказна“ со Ненад Тонкин, возраст: од 6 до 9 години (ДКЦ, прв дел, ателје)
18:00 – 19:00 – креативна работилница по цртање со Сања Симоска (ДКЦ, втор дел)
19:00 – 20:00 – креативна работилница по цртање „Азбукварка“ со Наташа Костовска, возраст: од 5 до 8 години (ДКЦ, прв дел, ателје)
19:00 – 20:00 – креативна работилница – цртање и изработки „Баба рога вежба јога“ со Алексеј Костовски, возраст: од 6 до 9 години (ДКЦ, втор дел)

Сабота, 25 јуни
17:00 – 18:00 – креативна работилница за експериментирање со материјали со Доротеј Нешовски, возраст: 5 – 9 години (ДКЦ, прв дел, ателје)
17:00 – 18:00 – „Светот на Биби“ со Билјана Црвенковска, возраст 4 – 7 години (ДКЦ, втор дел)
18:00 – 19:00 – „Светот на Биби“ со Доротеј Нешовски, возраст 4 – 7 години (ДКЦ, прв дел, ателје)

Недела, 26 јуни
17:00 – 18:00 – „Креативен дневник“ со Биби и Доро – активности од креативниот дневник (ДКЦ, цел простор) – возраст 7-10 (ликовна уметност со Доро), 8-12 години (креативно пишување со Биби)
18:00 – 19:00 – Креативна Работилница „Писма,“ инспирирана од „Пишувачите на писма“ од Беатрис Осес – Дизајнирање на платени торбички со стенсил техника! Цртање на писма! – со уметницата Ана Трајковска, магистер на модул графика и издавачка куќа Сказнувалка, возраст од 8 до 12 години (ДКЦ, прв дел, ателје)
18:00 – 19:00 – Креативна работилница со едиција Светулка (ДКЦ, втор дел)

НАПОМЕНА: Работилниците се бесплатни и бројот на учесници во една работилница е ограничен на 15 учесници. Пријавувањето за работилниците е задолжително, преку е-пошта на [email protected]. Еден учесник може да се пријави во повеќе од една работилница – со назнака за кои работилници и за кој ден се пријавува. Доколку местата во една работилница се пополнети, ќе можете да изберете некоја од другите работилници на фестивалот.

Напишете коментар