Доза вести

„Маалски фестивал“ ќе анимира и инспирира локална заедница

Организаторите посочуват дека овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања ќе понуди уметниците и публиката заеднички да учествуваат во создавање на неповторлива и автентична маалска/фестивалска приказна

На повеќе локации во скопско Дебар Маало, на 4-ти, 5-ти и 6-ти ноември, КСП Центар Јадро ќе го организира „Маалски фестивал“.
Организаторите посочуват дека овој мултимедијален и инклузивен колаж од збиднувања има за цел да ја анимира и инспирира локалната заедница. Па така, и уметниците и публиката заеднички ќе учествуваат во создавање на една неповторлива и автентична маалска/фестивалска приказна.

Идејата на овој фестивал е да ги обедини уметноста и маалскиот живот. Ајде заедно да создаваме нови маалски приказни! Дојдете сите, големи и мали, за низ дружба да ги разиграме маалските улици, повикуваат организаторите.

Ќе бидат изведени голем број улични уметнички акции – маалски тури или посета на најзначајните локални точки, танцови перформанси, поетски читања, концерти, работилници, филмски промоции, театарски претстави и книжевни промоции.

Целата програма е на овој линк.

Напишете коментар