„Ниту една повеќе!“ повикува на протест против фемицидите и институционалното насилство
По фемицидот на 17-годишната Билјана Кириќ во Богданци, иницијативата „Ниту една повеќе!“ повикува на граѓански протест против фемицидите, институционалното непостапување и неказнивоста. Протестниот марш ќе помине покрај Собранието и Министерството за правда, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука.