Од тишина до акција: Работилница за родови дезинформации и онлајн безбедност за млади
Интерактивна работилница посветена на родовата дезинформација и онлајн вознемирувањето, наменета за млади луѓе, претставници на граѓански организации, едукатори, институции и медиумски професионалци ќе се одржи на 27 април од 13 до 16 часот во Дневниот центар „Гнездо“ во Скопје.
Учесниците ќе имаат можност преку практична работа, групни дискусии и анализи на реални примери да ги истражат начините на кои родово базираните дезинформации се создаваат, шират и влијаат врз дигиталниот простор и јавната комуникација.
Фокусот на работилницата е премин од дискусија кон акција, преку заедничко развивање на препораки и решенија за поефикасно справување со онлајн насилството и дезинформациите. Посебен акцент ќе биде ставен на улогата на младите во градење побезбеден и поинклузивен дигитален простор и зајакнување на нивното демократско учество.
Учеството е отворено за лица на возраст од 18 до 30 години, како и за заинтересирани чинители од заедницата. Пријавувањето е отворено до 23 април и може да се направи на овој линк. Активноста ја реализира здружението Новинари за човекови права.
Илустрација: Freepik.com