„Касарна Хаб“, на 24 и 25 март, организира Саем за сезонско вработување во туристичкиот сектор во Охрид и Струга, за сите средношколци над 15 години и невработени лица кои бараат сезонска работа.
Од таму велат дека ова е фантастична можност младите да стекнат искуство во областа на туризмот, работејќи со туристи од различни култури.
– Некои од позициите вклучуваат поседување одлични комуникациски вештини и познавање на англиски јазик. Ова е супер прилика, младите, додека се на распуст, корисно да го исполнат своето слободно време, велат од „Касарна хаб“.
На 24 и 25 март, од 12 до 18 часот, се очекуваа учество да земат над 30-ина туристички и угостителски бизниси од Охрид и Струга.
Оваа веб -страница користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачиња се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се препознавање кога се враќате на нашата веб -страница и помагање на нашиот тим да разбере кои делови од веб -страницата ги сметате за најинтересни и корисни.