Во рамки на серијата настани „Земјотресна недела“, по повод 60-годишнината од скопскиот земјотрес, вечер од 19 до 20.30 часот во Културниот центар „Бруталиск“ ќе се одржи едукативна работилница за деца и млади.
Преку различни забавни и креативни активности (игри со временски капсули, пишување стари писма, разгледи на Скопје пред земјотресот) тие ќе го видат градот со поинакви очи, вели Александра Тодоровиќ, која ќе ја води работилницата.
Инспирација за работилницата е нејзината книга за деца „Љубов голема колку Скопје“, која може да се купи по промотивна цена вечер во „Бруталиск“.
-Во својата „Љубов голема колку Скопје“ таа веќе им го претстави градот преку една љубовна приказна. Искусна во ова што го прави, со многу успешни работилници зад себе, Александра ги води децата низ едно несекојдевно патување во времето. Качете се во временската капсула – Скопје ве чека, Скопје ве сака, наведува организаторот на работилницата.