За да може да опстане една приказна, некој треба да запишува сознанија, да ги собира, негува, и да биде внимателен – точно да ги пренесе. Тоа за село Тработивиште го прави пензионерот Васил Маневски.
Ова е приказна за новинар, професор и директор кој што во пензионерските денови не прекинува со своите работни навики!
„Во животот сум работел како наставник и како директор на центарот за информирање и издавачка дејност во Делчево, а најголем дел од работниот век го поминав во редакцијата на Нова Македонија како дописник од општините Делчево, Македонска Каменица, Пехчево и Берово“ изјави Васил.
Одлуката за враќање на село се должи на одлуката за спокоен живот и живеење во заедница која споделува и живее во заедништво!
„Јас сум ангажиран. Во последно време ја работам монографијата за селото, собирам стари документи, фотографии, разговори со луѓе“.
Овој негов став потврдува дека кога го работиш тоа што го сакаш, не постојат години, граници и рамки!
Новинар еднаш, раскажувач засекогаш!