На работилницата „Вклучи свест, исклучи стигма! Зборувај за менталното здравје“ која се одржа неодамна во Струга, во организација на „Лице в лице“ и здружението „Аква“, менталното здравје на младите беше една од приоритетните теми за кои се разговараше.
Присутните ги донесоа своите ставови за тоа што најмногу влијае на зголемувањето на бројот на млади кои се соочуваат со апатија, анксиозност и негативни мисли. Разговорите се случуваа во сигурна средина, но, заклучоците ги истакнуваме јавно!
За ви ги пренесеме ставовите од лицата кои учествуваа на работилницата вклучивме и млади креатори на содржини. Еден од нив е Лука Плушкоски, кој заедно со психологот Јасмина Маркоска и средношколката Климентина Бујароска, истакнаа некои од предизвиците со кои се соочуваат денес младите, но, и препораки за нивно надминување.
Психологот Јасмина Маркоска порачува:
· Вложувајте во сопствената позитивна енергија.
· Поминувајте време со своите пријатели
· Доверувајте се на пријателите во кои имате доверба и пријателите кои ќе ве поддржат
· Практикувајте прошетки во природа
· Уживајте во добра книга и добра музика