Организацијата на жени од Свети Николе повторно во акција за здравјето на жените
Во духот на Розев Октомври во текот на вчерашниот ден се одржа розева прошетка, посветена на подигање на свеста за превенција и борба против ракот на дојка во организација на „Организација на жени на општина Свети Николе“.

„Денот беше исполнет со позитивна енергија, поддршка и инспиративни зборови за храброста и силата на жените кои се соочуваат со оваа болест. Преку заедничка прошетка, разговори и симболични активности, присутните ја испратија пораката дека раната дијагноза спасува животи и дека ниту една жена не треба да биде сама во својата борба“ ни сподели Стефанија Арсова членка на организацијата вклучена во организација на настанот.



Таа посочи дека розевата прошетка покажала дека кога има обединување со љубов, разбирање и поддршка — се прави исчекор кон посилна и посвесна заедница.
Веќе неколку години по ред настанот се организира заеднички од Општина Свети Николе и Организацијата на жени на општина Свети Николе (ОЖОСВН). Оваа година се реализира со финансиска поддршка од Општина Свети Николе, а со поддршка и учество на ОЖОСВН, Извиднички одред Гоце Делчев и Црвен крст Свети Николе.

Фотографиите: Организација на жени на општина Свети Николе.
- Организацијата на жени од Свети Николе повторно во акција за здравјето на жените
- Фотографии од браќата Манаки во старо-ново руво
- Интервју со Небојша Илијевски: За дупката што сите ја гледаме… И толку
- Montparnasse: кога електронската музика и креативната сцена оживуваат на уникатни локации во Македонија
- Иднината е циркуларна: како иновациите и креативните индустрии ја трансформираат економијата