#43 „Лице в лице – печатена верзија

100 ден (+0% ДДВ)

„Лице в лице“ број 43 е посветен на темата Иднината на правата на човекот
Во овој број се даваат одговори на прашањата како: Во чии раце се алатките за „поправање“ на расипаниот механизам за заштита на работничките и на човековите права, кој, очигледно, откажува во услови на поголема глобална криза, како што е актуелнава? Кај работодавците, кај работниците, кај владата, кај граѓанскиот сектор или во соработката, дијалогот што сите тие треба да го развијат? Како здравствената криза ќе го промени начинот на кој работиме и живееме?

Купувајќи „Лице в лице“ им помагате на многумина. Читајќи „Лице в лице“ си помагате себе си

Информации за испорака: 3-5 работни денови

Нема на залиха

17 се на оваа страна
Опис

43-тиот број на „Лице в лице“ е посветен на иднината на правата на човекот.

„ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“ ПРЕКУ ВЕБ-ПРОДАВНИЦА – СО ПОДАРОК И СО ДОСТАВА
Веб-продавницата kupi.licevlice.mk се покажа како добро решение и за продавачите што остануваат „да работат од дома“, а сега најдовме начин и да ги ангажираме и мотивираме.

Услови за испорака и рефундирање

Политика за испорака

Во делот на продавница на „Лице в лице“, достапни се дигитални верзии на уличното списание за одржлив развој, како и дигитални и печатени честитки/картички.
Испораката се врши на местото кое е наведено како локација за достава е одредено од страна на корисникот при извршената нарачка.

Корисникот е должен да обезбеди точна адреса и доволно насоки за да може да се изврши доставата.

Во случај на недоставување на производите или доцнење со испораката на производите поради вина на корисникот, Лице в лице / Паблик нема обврска да изврши враќање на уплатените средства.

Доставата на честитките/картичките во земјава чини  170 денари. Доставувањето на дигиталните производи се врши автоматски, на електронската адреса која ја има наведено корисникот при нарачката.

Времето за испорака е наведено како информација до секој производ во полето „Информации за испорака“ и вообичаено е 3-5 работни денови.

Во случај на нарачка на повеќе производи со различно време за испорака, како време на испорака се смета времето предвидено за оној производ за кој е потребно најдолг период за достава.

Лице в лице / Паблик го задржува правото да ги достави производите и по истек на времето предвидено за достава во случаи кога испораката доцни поради пречки, настани или околности кои Лице в лице / Паблик не е во можност да ги спречи, избегне или отстрани.

При испорака, лицето кое ја прима нарачката има обврска да ја прегледа истата во присуство на доставувачот, и доколку нарачката е целосна и соодветна да се потпише на доставница приложена од страна на доставувачот.

Враќање на производи и рефундирање на средства

Корисникот или трето лице во чија корист е извршена и испорачана нарачка од Лице в лице / Паблик има право да ги врати производите најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот, под услов истите да се неупотребени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.

Производите мора да се вратат неотворени, неискористени, неоштетени и во целосното оригинално пакување доставено од Лице в лице / Паблик, вклучувајќи ги амбалажите и безбедносните ознаки.

Трошоците за враќање на производите се товар на корисникот или третото лице во чија корист е извршена и испорачана нарачката од Лице в лице / Паблик, освен ако се утврдило дека производот е доставен несоодветен или неисправен од страна на Лице в лице / Паблик.

Во случај на враќање на производите и барање за поврат на средства од страна на корисникот, средствата ќе бидат вратени на банкарската сметка од која било извршено плаќањето во рок од 14 дена од денот на прием на вратените производи во Лице в лице / Паблик.