Доза вести

Арно: уште 10 дена можност за аплицирање со идеја за социјален бизнис

Време на читање: 2 минути
- банер -

Здружението за социјални иновации „АРНО“ апелира до младите луѓе да ги искористат последните 10 дена за аплицирање и да се пријават за програма преку која ќе можат да развијат идеи за социјални бизниси. Програмата која е отворена за аплицирање до 26-ти септември, е наменета за сите млади на возраст од 18 до 35 години кои треба да препознаат одреден социјален или еколошки предизвик и да оформат тим.

Проектот RISE се спроведува во регионот на Западен Балкан со цел да им понуди на младите луѓе програма преку која тие ќе ги развијат своите идеи, почнувајќи и од нула. Програмата освен менторска и експертска поддршка со успешни луѓе од земјата, нуди и мотивација, инспиративни приказни, дружење и регионални вмрежувања. На крајот од првата фаза на идеација, 2 избрани тима од секоја земја ќе добијат финансиска (околу 2000 евра) и експертска поддршка за понатамошен развој на зелениот/социјалниот бизнис.

„Радикална соработка! Ние во рамки на повикот денес организиравме онлајн настан преку кој младите кои немаа тим можеа да најдат членови, или пак да најдат идеја со која ќе аплицирааат. Мораме да научиме да соработуваме, да се инспирираме и да се мотивираме едни со други. Програмата што ја имплементираме не е само за учење на буџетирање, финансиски проекции, туку и едно патешествие преку кое учиме дека мораме да градиме односи на доверба, поддршка и едноставно- да веруваме во иднината. Го валидираме и минатото и сите предизвици на сегашноста работејќи со младите, давајќи им искуства, познанства, и вештини кои секако ќе им се корисни, што и да одлучат да прават во животот. Сега е нивниот ред, за почеток, да покажат интерес и да аплицираат “- изјави Ирина Јаневска од АРНО.

Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција за развој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).

- банер -

Напишете коментар