Сали Ертунч: Културата им припаѓа на децата и на љубопитните, не на пазарот
Сали Ертунч, експресионист кој себеси се нарекува „машина за штанцање идеи“, со изложбата „Сакате ли војна?“ создаде свет во кој се судираат Трамп, фалангата на Александар Македонски, митолошки ѕверови, Марвел херои и сето тоа, во многу хумор кој пецка... Во оваа необична „арена“ на цртежи, принтови и инсталации, политиката не е непријател, туку симптом, огледало на нашата колективна незаинтересираност, на култура што секогаш си има цена.