Доза вести

Бесплатна обука и сертификација за жени во сајбер безбедност – апликациите се веќе отворени

Време на читање: < 1 минута

Британскиот совет отвори повик за пријавување на жени од земјава за целосно финансирана програма за сертификација во сајбер безбедност. Програмата е дел од глобалната иницијатива „CybHER“ и има за цел да го зголеми учеството на жените во оваа брзорастечка ИТ област, да поттикне поголема родова еднаквост во сајбер секторот во Северна Македонија, каде жените сè уште се слабо застапени.

Според последните податоци, жените сочинуваат само околу 24% од глобалната работна сила во сајбер безбедноста. Оваа програма нуди пристап до професионална обука и меѓународно признаена сертификација на жени кои сакаат да започнат или развијат кариера во оваа сфера. Обуката е акредитирана од Националниот центар за сајбер безбедност на Обединетото Кралство, а курсевите вклучуваат теми како што се мрежна безбедност, етичко хакирање, детекција на закани, откривање и одговор на сајбер напади, информациска безбедност и други аспекти.

Учесничките што ќе бидат избрани преку овој повик ќе ја следат обуката без финансиски трошоци.

Повикот е отворен за жени кои добро го владеат англискиот јазик и припаѓаат на една од следниве категории:

  • студентки на завршна година од ИТ или инженерски студии
  • неодамна дипломирани во овие области кои активно бараат работа
  • магистрантки кои сакаат да влезат на пазарот на труд
  • ИТ професионалки со најмногу три години работно искуство.

Повеќе информации и пристап до пријавниот формулар, има на овој линк.

Напишете коментар