Доза вести

Да се активираме – матичен број за Валентин Ракип!

И ЈАС, ВАЛЕНТИН РАКИП, СУМ ДЕТЕ ФАНТОМ! ТОА МЕ ОДАЛЕЧУВА ОД ЖИВОТНИТЕ СОНИШТА

Од какви сè лавиринти е тешко да излезе едно ранливо лице, и покрај сите заложби за подобар живот?

Извлекуваме ли поука од ужасните случувања, како онаа за смртта на Тони Сали, кој почина минатата недела, заглавен во немилоста на бирократијата?

„Јас сум од тие деца-фан­то­ми што ги ви­ка­ат. Не­у­ба­во чув­ство, гад­но ду­ри! Ка­ко да не по­сто­јам. Ако не ми из­ва­дат ма­ти­чен број, не­ма да мо­жам да ста­нам го­твач“, изјави Ва­лен­тин воинтервју за „Лице в лице“ пред неколку години, све­сен за при­чин­ско-пос­ле­дич­ни­те вр­ски на не­функ­ци­о­ни­ра­ње­то на си­сте­мот, кој тре­ба да му ги овоз­мо­жи ос­нов­ни­те чо­ве­ко­ви пра­ва.

Неколку години по оваа негова изјава, и покрај напорите на тим од Дневниот центар за деца на улица, „Лице в лице“, „Млади правници“ и други ентитети, Валентин Ракип нема матичен број. Ништо не е сменето!

Тој постои – за сите нас, негови пријатели, семејство, поддржувачи, колеги, цела една заедница која го поддржува младото момче да остане на вистинскиот пат по кој продолжува да чекори. Но, не постои за системот, кој како некое чудовиште, ја гризе неговата мотивација, ја распарчува вербата дека ако се трудиш – ќе успееш…

Валентин е дел од продавачите на „Лице в лице“ со кои работи социјален ментор. (прочитајте повеќе за социјалното менторство на овој линк) После спроведена прва фаза од процесот на социјално менторирање, тој е подготвен за влез на пазарот на труд, но немањето матичен број и неговото непостоење за системот го оневозможуваат тоа и покрај отвореноста на бизнис секторот.

 – Изминативе неколку месеци, на два пати бевме на чекор да го вработиме. Најдовме партнери и разбирање кај бизнисите, но пречка е што недостасува основата –тој да има матичен број и документи. Јасно е дека само така Валентин ќе има и сметка во банка, на која ќе му стигнува платата, така ќе постои и за здравствениот и социјалниот систем и ќе може да ги извади сите следни потребни документи за вработување – вели социјалната менторка, Магдалена Чадиноска- Кузманоски. 

Преку социјалното менторство Валентин се поддржува и да не се откаже од оваа негова борба, која, гледана пошироко, е заедничка заложба за пофункционален систем кој ќе биде во служба на потребите на сите граѓани.. „Лице в лице“, застанува зад него и гласно ја комуницира потребата за делување! 

Да се активираме!

Бараме матичен број за Валентин!

Споделете! 

Напишете коментар