Дали сте заинтересирани да направите промена? Повик за учество на работилници за млади
Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, отвора повик за млади на возраст од 15 до 30 години, за учество во работилници за млади од областа на младинско учество, инклузија, еднаквост и доверба.
Веруваме дека младите имаат моќ да обликуваат посветла иднина, а овие работилници имаат за цел да ве поттикнат и опремат со потребните алатки и знаење за да создадете позитивни промени во вашите заедници. Работилниците ќе се спроведуваат во различни градови низ Северна Македонија во текот на месец јуни. Со учеството, ќе стекнете знаења и практични вештини за поттикнување на вклученоста, промовирање на еднаквост и градење доверба во вашите заедници.
Работилниците ќе бидат спроведени во општините Велес, Гостивар, Охрид, Битола и Струга на:
- 19 јуни во 12:30 часот – Охрид – „Градиме мир без стереотипи, предрасуди и дискриминација“
- 20 јуни во 11:00 часот – Младински центар – Гостивар – „Бура за култура: Работилница за интеркултурен дијалог“
- 21 јуни во 12:00 часот – Europe House – Битола – „Младите активирани во општеството“
- 22 јуни во 10:00 часот – Europe House – Битола – „Битола без стереотипи, предрасуди и дискриминација“
- 22 јуни во 11:00 часот – Младински центар – Гостивар – „Youth in motion: Работилница за младинско учество“
- 23 јуни во 12:30 часот – American Corner – Струга – „GEN Z за поттикнување интеркултурен дијалог и препознавање на бариерите кои го спречуваат“
- 24 јуни во 10:00 часот – Младински центар – Велес – „Youth Power: Младинското учество како двигател на општеството“
- 30 јуни во 17:00 часот – Младински центар – Велес – „Beyond Labels: Работилница за предрасуди, стереотипи, дискриминација и булинг“
Како да аплицирате?
За да аплицирате за учество на која било од работилниците, ве молиме пополнете го онлајн формуларот за апликација.
Краен рок за аплицирање: 18.06.2023
Ве охрабруваме да аплицирате на повеќе работилници. Но, имајте предвид дека има ограничени слободни места за секоја работилница и затоа, не може да бидат избрани сите апликанти. Ве охрабруваме да аплицирате порано за да ги зголемите шансите да обезбедите место.
За какви било прашања, ве молиме контактирајте не на [email protected] или +38978421569.