Фестивал на инклузија за рушење на бариерите во општеството
Во четири фестивалски денови, помеѓу 20 и 23 јуни 2024 година, во Паркот Македонија – Општина Кисела Вода, Здружението Икуалити ќе зрачи со љубов, позитивна енергија и преку бројни настани наменети за сите генерации ќе ги разбуди најдлабоките емоции кај граѓаните.
Поделен во 4 тематски зони – Паркот Македонија ќе биде дом на сите оние кои се отворени за дружење, кои несебично сакаат да споделуваат и создаваат незаборавни моменти и заедно ќе придонесат за креирање отворено општество, во кое секој од нас има своја улога и влијание за подобро утре!
Отворањето, на 20 јуни во 20:00 часот, ќе го одбележат дечињата од инклузивниот бенд од школото „Димитар Влахов“ под водство на професор Кристијан Тасевски и пијанистката Ема Ананиевска, како горди претставници на заедницата на лица со попречености.
Музичката програма ќе ја предводат магичните Зарина Првасевда, Дина Јашари, Нина Јанева со бендот, ДЏ Мартин Делимитов, ДЏ Џон Антонио.
Програмата ја збогатуваат и спортските работилници „Испробај се во баскет во колички“ за секој заинтересиран да се проба во најпопуларниот инклузивен спорт – кошарка во инвалидска количка, уметничките работилници за најмладите „Од украс до отпад -правење фигури и украси“ и за изработка на наметки за суперхерои „Ние сме супер-херои“ во соработка со Специјалното училиштето „Св. Наум Охридски“, и работилницата за танци „Танцувај со нас“.
Целовечерни филмски проекции на платно со меѓународно наградени филмови на социјално инспиративни инклузивни теми и танцовата инклузивна претстава „Сеќавања“ во изведба на Танцовото студио – Еурека, како и магионичарското шоу се тука да ве восхитат, инспирираат и поттикнат да бидете љубезни, срдечни и отворени, затоа што сите сме едно – сите сме луѓе.
Програмата ќе биде заокружена со дебатата „Креираме инклузија и интеграција преку меѓусебна поддршка“ со учество на родители на деца со попречености, која ќе ја модерира претседателот на Здружението Икуалити, Гере Трипков, како и со изложбата на цртежи на деца од општинските школи од Општина Кисела Вода на тема „Заедно можеме“.
За прв пат од оваа година, Здружението Икуалити ќе додели награди „Шампиони на инклузијата“ доделени за придонес и промоција на правата на лицата од социјално ранливите заедници во категориите: лице со попреченост, организација, општествено одговорна компанија, јавна личност, градоначалник и амбасадор.
Фестивалот на инклузија ги поканува сите граѓани на градот Скопје, но и од целата држава, да не посетат, да се забавуваат, инспирираат и поврзуваат и преку сите фестивалски културно-уметничко-забавни настани да се приклучат во креирањето ненадминлива позитивната енергија со цел рушење на бариерите во општеството и создавање простор за поттикнување и промоција на способностите на најранливите и маргинализираните.
20 – 23 јуни 2024 година
20.06.2024 (четврток)
20:00 Официјално отворање на фестивалот
20:15 Звучен бран – музички концерт
ЗВУЧЕН БРАН – инклузивен бенд од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“
20:30 Ема Ананиевска – музички концерт
21:15 Отворање на изложба на цртежи на деца на тема „Заедно можеме“
Изложба на цртежи на деца од општинските школи од Општина Кисела Вода на тема „Заедно можеме“
20:45 Доделување награди „Шампиони на инклузија“
Доделување на награди за Шампиони на инклузија во категориите: лице со попреченост, организација, општествено одговорна компанија, јавна личност, градоначалник и амбасадор
21.6.2024 (петок)
11:00 – 18:00 „Испробај се – кошарка во колички! “ – инклузивни работилници за деца и млади
Испробај се во најдинамичниот најпопуларниот спорт за лица со попреченост во специјални колички за баскет – дружба со тренерот Саша Димитријевиќ и репрезентативците во баскет во колички
11:00 – 13:00 „Од отпад до украс – дојди да правиме фигури и украси” – детска работилница
Детска работилница (6 до 14 години) под менторство на Здружение Икуалити и Специјално училиште Св. Наум Охридски
Работилница (6 до 18 години) под менторство на Здружение Икуалити и Специјално училиште Св. Наум Охридски
19:00 – 21:00 Проекција на филмови
Филмски проекции во соработка со Филмскиот фестивал „Ухвати филм“ – Нови Сад, Србија
21:00 Зарина Првасевда – концертно музичко доживување
21:45 Дина Јашари – концертно музичко уживање
22.6.2024 (сабота)
11:00 – 18:00 „Испробај се – кошарка во колички! “ – инклузивни работилници за деца и млади
Испробај се во најдинамичниот најпопуларниот спорт за лица со попреченост во специјални колички за баскет – дружба со тренерот Саша Димитријевиќ и репрезентативците во баскет во колички
11:00 – 13:00 „Од отпад до украс – дојди да правиме фигури и украси” – детска работилница
Детска работилница (6 до 14 години) под менторство на Здружение Икуалити и Специјално училиште Св. Наум Охридски
Работилница (6 до 18 години) под менторство на Здружение Икуалити и Специјално училиште Св. Наум Охридски
20:00 – 20:45 „Сеќавања“ – инклузивна театарска претстава – Еурека, инклузивно танцово студио
21:00 – 23:00 Нина Јанева со бендот – концертно музичко уживање
23.6.2024 (недела)
11:00 – 18:00 „Испробај се – кошарка во колички! “ – инклузивни работилници за деца и млади
Испробај се во најдинамичниот најпопуларниот спорт за лица со попреченост во специјални колички за баскет – дружба со тренерот Саша Димитријевиќ и репрезентативците во баскет во колички
12:30 – 13:00 Магионичарот од нашето маало – Кристијан Шопов
Магионичарко шоу за најмладите во изведба на Кристијан Шопов
13:00 – 14:00 „Танцувај со нас“ – работилница за млади и деца, под менторство на „БС Балерина“
Работилница за деца и млади од 5 до 15 години со Танцово студио Еурека
18:30 – 20:00 Јавна дебата: „Креираме инклузија и интеграција преку меѓусебна поддршка““
учесници: родители на деца со попреченост – Слаѓана Ананиевска, Ребека Јанковска Ристески, Кире Трајков, Оливера Савеска
модератор: Гере Трипков – Здружение Икуалити
20:30 Прогласување победници на повикот за најдобра фотографија – „Сликни инклузија“