Форум „Одржливо и функционално Скопје“ ќе го разгледува управувањето со отпад и урбанистичкиот развој

Настан посветен на клучните предизвици и решенија за иднината на Скопје. Вака, организаторите го најавуваат тематскиот форум „Одржливо и функционално Скопје“, кој ќе се одржи на 17 септември 2025 година, со почеток во 17 часот во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар.
Настанот ќе понуди панел дискусии и отворен дијалог со публиката, со цел споделување знаење, промоција на одржливи решенија и поттикнување соработка меѓу институции, експерти и граѓани. Форумот има за цел да придонесе кон создавање на зелено, функционално и одржливо Скопје, со практични акции за подобрување на квалитетот на животот.
Настанот е во организација на Центарот за климатски промени, во соработка со Еко зелено движење, Геосфера, Екотуризам – 2016 Охрид, Креактив, Фондација за локален развој и развој на информатички технологии, Национален ромски центар и Еко акција.