Доза вести

Иднината е циркуларна: како иновациите и креативните индустрии ја трансформираат економијата

Настан за циркуларна економија и креативни индустрии во Скопје, 28 октомври 2025

Секоја голема идеја почнува со визија, но вистинската трансформација се случува кога луѓето се обединети околу заедничка цел. На 28 октомври 2025 година, вторник, Спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се претвори во центар на иновациите, каде експерти, претприемачи и креативци ќе ги спојат знаењето и имагинацијата за да ја обликуваат иднината на циркуларната економија и креативните индустрии во Македонија.

Настанот „Иновација во циркуларната економија и креативните индустрии“, го организира Бизнис Акцелератор УКИМ, во име на ЕИТ заедницата во С. Македонија.

– Македонија се наоѓа на праг на нова индустриска трансформација. Ја започнуваме оваа иницијатива со цел да ја зајакнеме циркуларната економија во земјата преку поврзување на индустријата, академската заедница и креаторите на политики, да им помогне на компаниите да обезбедат пристап до европски и национални фондови и програми за поддршка – велат организаторите

Тие посочуваат дека во соработкасо водечки универзитети и истражувачки центри, се спроведуваат нови лабораториски и иновативни проекти кои унапредуваат технологии за рециклирање, валоризација на отпад и одржливи материјали, поставувајќи темели за поконкурентна и циркуларна македонска економија.

– Настанот ќе овозможи учесниците да откријат, поврзат и заедно да го обликуваат одржливиот раст во С. Македонија, обединувајќи локални и европски експерти, претприемачи и носители на одлуки за да прикажат практични решенија и да ја инспирираат македонската индустрија да ја интегрира циркуларноста во своите операции. Настанот ќе ги истакне достапните финансиски инструменти од Европскиот институт за иновации и технологија (EИТ) – тело на Европската унија, како и националните програми за поддршка на циркуларната трансформација, охрабрувајќи ги македонските компании, стартапи и општини да преземат иницијатива, аплицираат за средства и развиваат одржливи иновации – велат тие.

Програмата ќе опфати пет тематски панели и над 30 истакнати говорници од регионот и Европа. Настанот ќе се одвива од 10:30 до 17:00 часот, по што ќе следи сесија за вмрежување и директни средби со инвеститори и експерти. Посебен акцент ќе биде ставен на Хабот за циркуларна економија на Западен Балкан, платформа што го поттикнува регионалното поврзување и промовира иновации како двигател на одржлив раст.

Настанот се реализира во партнерство со Францускиот институт во Скопје (IFS) и Македонската асоцијација на метална и електро индустрија (МАМЕИ), како дел од „Енерготехнома“ (27-30 октомври 2025).

Регистрацијата е отворена на овој линк.
Целосната програма е достапна на овој линк.

Напишете коментар