Игрите во образованието – можност или пречка?
Програмата на конференцијата опфаќа панел дискусија за влијанието и улогата на игрите во образованието на младите, едукативни работилници за креирање и развој на игри, саем на едукативни игри, турнир во играње на прва онлајн друштвена игра за политичка едукација и друго.
Додека дигиталната технологија се развива, индустријата на игри станува сè поголема, а младите сè повеќе ги користат истите. Важно е да развиеме дискусија за тоа дали овие трендови претставуваат пречка или можат да бидат искористени како можност за раст и развој на младите, пишува платформата „Млади.мк“, во најавата за конференцијата „Игрификација: Можност или пречка во образованието“.
Koнференцијата ќе се одржи на 17.11.2022 со почеток во 13.30 часот во конференциската сала на „Јавна соба“ во Скопје. Има за цел да поттикне дискусија за влијанието и улогата на игрите во образованието и едукацијата на младите. Исто така, ќе се зборува и за можностите кои ги нуди оваа индустрија за едукација на младите во рамки на формалното и неформалното образование. Ќе биде организиран и турнир во играње на првата онлајн друштвена игра за политичка едукација „Изборологија“.
Присуството на настанот е отворено за сите млади, просветни работници, едукатори, граѓански организации и сите љубители на темите опфатени со настанот, а учеството е без финансиски надомест.
Целосната програма е на овој линк
Пријавата за учество е на овој линк