Доза вести

Информативни табли во заштитетното подраќке на Осоговските планини

Време на читање: < 1 минута

Македонско еколошко друштво (МЕД), во соработка со Заштитеното подрачје „Осоговски Планини“, на Пониква го искористи Денот на пролетта да ги промовира информативните табли за посетителите со факти за уникатноста и убавините на пределот. Таблите имаат информативен карактер и содржат општи податоци за заштитеното подрачје, неговата геолошка и биолошка разновидност, како и интересни податоци и факти за туристичката понуда во регионот.

„Заштитениот предел „Осоговски Планини“ е дом на шуми со висока природна вредност кои се особено значајни за поддржување на биолошката разновидност и здравиот живот на луѓето. Токму затоа, ова е локацијата на која ги одбележуваме денот на пролетта и денот на шумите“, изјави Деспина Китанова, раководител на програма во МЕД.

Туристичките информативни табли се изработени во рамки на Програмата за зачувување на природата во С. Македонија, која има за цел да ѝ помогне на земјата во зачувување на големата биолошка разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивното одржливо користење и управување.

Владата во ноември 2020 година донесе Одлука за прогласување на дел од Осоговските планини, со вкупна површина од 48.807 хектари, за заштитено подрачје во категорија V – заштитен предел, заради разновидноста и богатството на биодиверзитетот, геодиверзитетот, хидролошките карактеристики, пејзажните, пределните и други вредности, природни убавини, како и заради зачувување на специфичната интеракција на луѓето и природата.

Напишете коментар