Доза вести

Ja имаш ли вистинската „почва“ на твоето работно место?

Време на читање: 2 минути

Компаниите се соочуваат со нови предизвици – како да ја задржат продуктивноста, да ја мотивираат работната сила и да изградат работна култура во која што „вајбот“ е добар. А „вајбот“ не се гради со „Пауер поинт“, туку со искреност. Со менторство. Со дијалог. И со храброст да се биде човечен. Според најновите глобални и регионални истражувања, вработените сè почесто ја оценуваат својата организација според тоа дали ги поддржува, инспирира и вклучува – или, напротив, ги одвраќа со токсична средина и неусогласени вредности.

Новото, 57. издание на уличното списание за одржлив развој „Лице в лице“ е посветено токму на оваа тема.

Во новото издание ќе читаме за:
– зошто генерацијата Зет го менува лицето на пазарот на труд и како компаниите треба да се прилагодат за да преживеат.
– зошто младите ја напуштаат работата ако таа влијае негативно на нивното ментално здравје
– како новата работна сила бара смисла, припадност и позитивен општествен импакт
– зошто традиционалните бизниси се на пат кон неуспех ако не ја променат својата „ДНК“
– како компаниите можат да привлечат и задржат млади таленти

Новиот број носи ексклузивни содржини со инспиративни бизнис лидери (Чарли Фелгејт, екс лидер за визија на „Декатлон“, Небојша Илијевски, тренер и контент директор на Форумот на добри компании, Бојан Симиќ, основач на новосадската „Клин ер солушн“, Маџид Раими Кан, основач на „Марк5“ и специјалист за психологија и трансформација на лидерство, Нимет Рајнер, консултантка за лидерство за високи извршни функции, Ема Стенстром, професорка и авторка на методот „Бабл хопинг“, Францеск Арагал, директор на „Дизајн фор ол“…), за социјалното менторство како холистичко решение за одржлив пазар на труд, за иднината на работата, за регенеративното лидерство…



Објавуваме разговор и со нашата продавачка од МКЦ Битола, Мубија Милошевска, интервју со проф. д-р Кирил Барбареев, со младиот претприемач кој ја води палачинкарницата „Сакаш?“, Гордан Миленковски и многу други содржини.



„Лице в лице“ број 57 ќе го најдете кај нашите продавачи на улиците на Скопје, Битола, Куманово, Неготино, Пробиштип и Прилеп. Повеќе за нашата мрежа на партнерски организации има на овој линк.



Овде е достапно во дигитален формат. Купете електронска верзија, преземете ја сега и направете чекор кон подобро работно утре.

Напишете коментар