Веќе втор месец вонредната ситуација во нашата земја предизвикана од корона вирусот се рефлектира врз сите сегменти од нашето функционирање.
Во ваква состојба меѓу најпогодените и најизложени на лошите ефекти од COVID 19 се и продавачите на „Лице в лице“ – младинци од улица, бездомници, лица со пречки во развојот, социјално загрозени лица, кои што во моментов, како и нивните колеги ширум светот, не се во можност да бидат на своите работни места, но ниту да работат од дома.
Поддршката сега, им е повеќе од потребна.
За оваа цел овозможивме онлајн продажба на списанието, а стартувавме и партнерства со одговорни компании, при што половина од средствата одат за задоволување на егзистенцијалните потреби на продавачите.
Преку заедничката акција „Седи си дома и читај ЛИЦЕ В ЛИЦЕ“ овозможуваме нашето четиво да стигне до што повеќе читатели.
Нашите содржини повикуваат на индивидуална и на колективна одговорност, и токму ова што ни се случува сега, е лакмус состојба која ги става на тест нашите ставови, вредности, можности, подготвеност за емпатија, солидарност, за рационализација.
„Лице в лице“, преку своите редови, има улога на сојузник во една битка од која сите треба да излеземе помудри, поосвестени, поодговорни за другиот.
Начини како да го обезбедите својот примерок:
Претплата за електронско и печатено издание на „Лице в лице“ –
https://lvl.vebstrana.com/
Достапност до електронска верзија на „Лице в лице“ – преку Маркет Конект:
*за актуелниот 39-ти број и за годишна претплата
Достапност до електронска и принтана верзија на „Лице в лице“ – преку Групер
*за актуелниот 39-ти број и за годишна претплата
Достапност до печатена верзија на „Лице в лице“:
*преку кошничката на Пакет.мк
*преку кошничката на РептилМаркети
ТЕКОВНИ АКЦИИ
ПАКЕТ.МК
*Со купен пакет млеко на „БиМилк“ преку онлајн маркетот Пакет.мк – добивате подарок „Лице в лице“
*Со купен производ од асортиманот – подарок „Лице в лице“
Aко сте компанија, организација, институција, може да бидете дел од акцијата на некој од следниве начини:
1. Откуп на определен број примероци од „Лице в лице” кои би биле подарувани со купен еден или повеќе од вашите производи од онлајн продавниците на „Пакет.мк“ или на „Рептил“, или пак од некоја друга онлајн платформа каде што се продаваат вашите производи.
2. Откуп на определен број примероци на „Лице в лице“ , кои што ние ќе ги доставиме до адреси на ваши соработници според листата која што ќе ни ја споделите.
До вашите соработници може да биде доставена печатената верзија на списанието, или електронската верзија.
3. Откуп на „Лице в лице“ за своите вработени
Нудиме и можност преку „Лице в лице“ да го зајакнете колективниот дух кај своите вработени и ќе им го доставите „Лице в лице“ онлајн или пак принтаната верзија.
Во пакет со списанието ќе биде испратена и порака во која што ќе потсетите на вашите вредности како компанија.
Во нашата акција, досега се вклучија:
Пакет.мк
Рептил
Бимилк
Фармахем
Пакомак
Хаселт
Тинекс
Ендава
ТелекомМК
Crazy Labs Macedonia
Фруктал
Лакталис
Макпрогрес Маркети
Винчини
Netcetera