Доза вести

Конкурс за дизајн на лого за 30 години дипломатски односи Италија и Македонија

Време на читање: < 1 минута

Амбасадата на Италија во Скопје, Институтот Данте Алигиери од Скопје и Академијата за дизајн (Accademia Italiana) од Фиренца, организираат конкурс за изработка на официјално лого за културните иницијативи организирани во рамките на одбележувањето на 30. годишнината од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Италија и Северна Македонија.

Повикот е наменет за студенти по уметност, дизајн, архитектура и професионалци помлади од 30 години.
Краен рок за испраќање предлози е 5 мај 2023 година

За повеќе информации, како и за преземање на целиот повик и условите за учество посетете го следниот линк:
MK https://ambskopje.esteri.it/…/bando-di-concorso-per-la…
SQ https://ambskopje.esteri.it/…/bando-di-concorso-per-la…

За дополнителни информации – контакт на овој мејл: [email protected]

Image by Freepik

Напишете коментар