Доза вести

„Лице в лице“ на базар за економско јакнење на жените

Време на читање: < 1 минута

Под насловот „Социјален импакт и економско јакнење на жените“, од денес до недела, во Ист Гејт Мол ќе биде организиран базар, на кој ќе учествува и „Лице в лице“. Нашите продавачки од партнерската организација „Порака Неготино“ – Волково ќе бидат присутни на базарот и ќе го понудат актуелното издание на „Лице в лице“, како и „Добрите картички“.

– Дојдете да ја прославиме женската креативност, претприемништво и социјален импакт! Овој тридневен базар ќе ги истакне социјалните претпријатија, бизнисите предводени од жени и жени претприемачки, кои ќе ги изложат своите уникатни производи и рачни изработки. Поддржете локални женски бизниси. Промовирајте одржливо претприемништво. Откријте инспиративни приказни за економско зајакнување. Ајде заедно да негуваме култура на инклузија, општествена одговорност и економски можности за жените – велат организаторите од Министерството за социјална политика, демографија и млади и UN Women.

Напишете коментар