ЗЕНици

Лицевлице ЗЕНици- зајакнуваме ранливи, градиме претприемачи

Време на читање: 3 минути
- банер -

Економско зајакнување на продавачите и развој на социјалното претпријатие „Лице в лице“ се во фокусот на „Лицевлице ЗЕНици- зајакнуваме ранливи, градиме претприемачи“, активности кои Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, ќе ги работи во рамките на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување′′ поддржан од Европската Унија, кој го спроведува Националниот младински совет на Македонија (НМС).
Овие активности се во склоп на „Лице в лице“ и ќе се спроведуваат во следниве шест месеци. Се однесуваат на унапредување на услугите кон млади и ранливи млади лица, вклучувајќи ја социјалната иновација социјално менторство, како и на зголемување на учеството на млади лица во работата на Платформата за одржлив развој.

Денес, во просториите на „Млади Хаб“ во Скопје, се одржа неформален настан на кој Националниот младински совет на Македонија и претставници на социјалните претпријатија потпишаа договори за грантови. Грантовите се доделени на граѓански организации и новоформирани иницијативи кои во следниот период ќе формираат свои социјални претпријатија. Една од главните цели на доделувањате на овие грантови е да придонесе во зголемување на квалитетот на младите лица во Република Северна Македонија преку нивно активирање во инклузивни социјални услуги, развој на иновативни технологии за инклузија на млади лица од ранливи категории и поттикнување на економско зајакнување на социјални претпријатија предводени од млади.

Доделените грантови ќе делуваат кон намалување на стапката на невработеност на млади лица, зголемување на бројот на инклузивни даватели на социјални услуги водени од млади, зголемена проодност на ранливи категории на млади на пазарот на труд како и на зајакнати капацитети на вработените во социјалните претпријатија.

Во продолжение се и останатите добитници на грантови и за нивните претстојни активности:

Фондација за развој на локалната заедница – Штип во следниот период ќе нуди поддршка на младите за развивање на работни и претприемачки вештини, преку воспоставување на одржлив локален механизам за искористување на текстилниот отпад.

Социјалното претпријатие „Бренд Солушн“,  преку платформата Bestonlineassistant.com ќе нуди пристап до едукација за најбараните вештини на пазарот на трудот, можности за запознавање со можностите за работа од дома и директна можност зa вработување на лицата со попреченост, што директно влијае на нанамалување на невработеноста кај оваа група на сограѓани.

Здружението на граѓани Ековита – Неготино ќе воспостави сервис за одгледување печурки, преку кој ќе се обучат и вработат млади невработени лица и лица од социјално загрозени категории.

Здружението на граѓани ГРИТ Пробиштип ќе организира ритрити за социјално одговорни компании, преку кои ќе финансираат програма за стипендирање и поддршка на жени (15-29 години) во социјален ризик за отстварување на личниот потенцијал преку алатки како јога и психолошки вежби.

Здружение на граѓани Зип Институт за политики и добро владеење Скопје, во соработка со „Семејно советувалиште Сарај“ и Општина Сарај, ќе работат на зголемување на вработливоста за корисниците на социјалната услуга „Семејно советувалиште Сарај” преку нивно вклучување во постојниот социјален бизнис „Комби Кафе“.

Иницијативата VR Labs во следниот период ќе работи на развој на вештини при изучување на занаети со примена на виртуелна реалност. Дел од вештините на коишто ќе работат се фарбање и лакирање на автомобили, каросериски поправки како и поправки на
пластични каросериски делови.

Социјалното претпријатие „Камп“ од Штип ќе нуди едукација и целодневен престој за деца и млади, чија цел ќе биде запознавање на децата со природата како и поттикнување на активен, здрав живот и зачувување на природата.

Социјалното претрпијатие DIA, ќе креира апликација која ќе нуди поддршка на лица заболени со дијабетес, можност за поврзување со заедницата и лесен пристап до основни информации, производи и услуги за лица со дијабетес, како и зголемена едукација
поврзана со оваа област.

Инклузивната музичка школа за деца и младинци во следниот период ќе овозможи простор за инклузивен раст и развој на деца и млади. Школата ќе нуди специјалзирана настава за лица со попречености преку соработка со дефектолог и ментор за инструмент.

Проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, поддржан од Европската Унија, се стреми да обезбеди можности за градење капацитети за невработени млади лица, a истовремено води низ процес на саморазвој и раст во полето на социјалното претприемништво како модерен начин на самовработување.

- банер -

Напишете коментар