Магазин

Можноста за градење личен стил – Показател за општествена инклузивност

Време на читање: 5 минути
- банер -

Ди­зај­нот на об­ле­ка, са­мо­стој­но­ста при ку­пу­ва­ње­то, оп­се­гот на про­из­во­ди што се ну­дат, ин­ста­ли­ра­ње­то ши­ро­ки ка­би­ни за про­бу­ва­ње и под­го­тве­но­ста на вра­бо­те­ни­те за по­мош и за под­др­шка, не се са­мо ре­ше­ни­ја на еден мар­ги­на­лен проб­лем, ту­ку ви­стин­ска реф­ле­кси­ја на инк­лу­зив­но­ста на оп­штес­тво­то кон ко­ја тре­ба кон­ти­ну­и­ра­но да се стре­ми­ме 

Во пер­и­о­дот од 2013 го­ди­на до 2016 го­ди­на имав мож­ност да со­ра­бо­ту­вам со ед­на пре­крас­на и иск­лу­чи­тел­но про­фе­си­о­нал­на ко­ор­ди­на­тор­ка на про­ект пoвр­зан со вра­бо­ту­ва­ње ли­ца со преч­ки во раз­во­јот. Искус­тво­то за ме­не бе­ше уни­кат­но, ме­ѓу дру­го­то и би­деј­ќи таа има­ше це­лос­но оште­ту­ва­ње на ви­дот.
Бла­го­да­ре­ние на ра­бо­та­та со неа ста­нав по­свес­на за на­чи­нот на кој тех­но­ло­ги­ја­та мо­же да по­мог­не во над­ми­ну­ва­ње на ба­ри­е­ри­те кон инк­лу­зи­ја, но и за пре­диз­ви­ци­те со кои се­којд­нев­но се со­о­чу­ва­ат ли­ца­та со оште­тен вид. 

За еден од овие пре­диз­ви­ци на­у­чив од пр­ва ра­ка, до­де­ка бев­ме на служ­бе­но па­ту­ва­ње низ Ма­ке­до­ни­ја. До­де­ка се под­го­тву­вав­ме да оди­ме на ве­че­ра таа ме за­мо­ли да ѝ по­мог­нам со шмин­ка­ње­то. Неј­зи­на­та коз­ме­тич­ка тор­ба бе­ше пол­на со де­ко­ра­тив­на коз­ме­ти­ка во раз­лич­ни ни­јан­си. Ка­ко што ги разг­ле­ду­вав, без да раз­мис­лу­вам, ја пра­шав: „Би са­ка­ла по­ве­ќе ро­зов или цр­вен кар­мин?” Таа са­мо ми се нас­мев­на и од­го­во­ри „од­бе­ри ти што мис­лиш де­ка најм­но­гу од­го­ва­ра“. Чув­ству­вај­ќи се не­при­јат­но и бу­да­ле­сто, се оби­дов да се ко­ри­ги­рам на тој на­чин што ѝ об­јас­нив де­ка две­те ни­јан­си од­го­ва­ра­ат на неј­зи­ни­от тен и ко­са, но до­де­ка ед­ни­от е по­не­жен и по­ле­сен, дру­ги­от кар­мин е мал­ку по­дра­ма­ти­чен и, мо­же­би, по­ве­ќе од­го­ва­ра на тоа што пла­ни­ра да го но­си за при­го­да­та.

Не­кол­ку ме­се­ци по­доц­на, ко­га се на­вра­тив­ме на оваа случ­ка, таа ми ре­че де­ка е, всуш­ност, бла­го­дар­на што сум ја пра­ша­ла за ни­јан­са­та на кар­ми­нот. Ми об­јас­ни де­ка мо­е­то пра­ша­ње, иа­ко, мо­же­би, не­ве­што, ѝ да­ло до зна­е­ње де­ка го зе­мам пред­вид неј­зи­но­то мис­ле­ње, без да прет­по­ста­ву­вам де­ка, со ог­лед што таа ни­ко­гаш не­ма­ла сен­зор­но искус­тво со бои, тие не ѝ се важ­ни.

- банер -

Во пос­лед­но вре­ме сé по­че­сто мо­же­ме да за­бе­ле­жи­ме мод­ни ре­вии што ја сла­ват раз­лич­но­ста, ка­ко и кам­па­њи со ли­ца со преч­ки во раз­во­јот што ги кра­сат рек­ла­ми­те на не­кои од поз­на­ти­те мод­ни ку­ќи и ком­па­нии за об­ле­ка. Сѐ по­ве­ќе по ин­тер­нет-пор­та­ли­те се пи­шу­ва за при­ме­ри од све­тот на прет­при­е­ма­чи, мод­ни ен­ту­зи­ја­сти и са­мо­за­стап­ни­ци што поч­ну­ва­ат свои ли­нии про­из­во­ди – ап­ли­ка­ции, об­ле­ка, чев­ли и до­да­то­ци – за одре­де­на ка­те­го­ри­ја гра­ѓа­ни. Но, што, всуш­ност, зна­чи да се ра­бо­ти на ди­зајн што е по­го­ден за ли­ца со преч­ки во раз­во­јот? Да­ли кон­цеп­тот на уни­вер­за­лен или, пак, инк­лу­зи­вен ди­зајн е екви­ва­лен­тен со ед­но­став­но изра­бо­ту­ва­ње про­из­во­ди по ме­ра? За мно­гу ли­ца со преч­ки во раз­во­јот во Ма­ке­до­ни­ја тоа е ре­ал­но­ста – по­ра­ди пре­диз­ви­ци­те по­вр­за­ни со не­ти­пич­ни­те про­пор­ции и не­до­вол­ни­от из­бор и оп­сег на кон­фек­ци­ски го­ле­ми­ни, тие се при­ну­де­ни или по­сто­ја­но да ги ме­ну­ва­ат по­стој­ни­те про­из­во­ди или да кре­и­ра­ат со­се­ма но­ви кај кро­јач или чев­лар. 

Ка­ко обид за од­го­вор на овие пра­ша­ња се ро­ди „Во мо­и­те чев­ли“, про­ект што ен­ту­зи­ја­стич­ки го поч­нав­ме со две мод­ни ди­зај­нер­ки и про­фе­сор­ки на Европ­ски­от уни­вер­зи­тет, по не­кол­ку прет­ход­ни ус­пеш­ни со­ра­бо­тки на актив­но­сти што вклу­чу­ва­ат ли­ца со преч­ки во раз­во­јот. Со по­мо­шта на шест мом­ци и де­вој­ки од кои не­кои имаа Да­у­нов син­дром, не­кои те­лес­на спре­че­ност, а не­кои це­лос­но оште­ту­ва­ње на ви­дот, се оби­дов­ме за мо­мент да вле­зе­ме во нив­ни­те чев­ли и да доз­на­е­ме ка­кви оп­штес­тве­ни про­ме­ни се по­треб­ни за да им се овоз­мо­жи не­пре­че­но гра­де­ње на лич­ни­от стил. 

Пр­во ос­тва­рив­ме за­ед­нич­ки сред­би на кои раз­го­ва­рав­ме за тоа да­ли тие има­ат мож­ност са­ми­те да од­би­ра­ат об­ле­ка, да­ли на­о­ѓа­ат сѐ што им е по­треб­но кај нас, кои се нив­ни­те „тех­нич­ки“ пре­диз­ви­ци при об­ле­ку­ва­ње / соб­ле­ку­ва­ње раз­лич­ни пар­чи­ња об­ле­ка и чев­ли и да­ли се во мож­ност со­од­вет­но да се изра­зат пре­ку сопс­тве­ни­от изг­лед. Во кон­сул­та­ци­ја со нив, по­тоа беа обез­бе­де­ни пар­чи­ња об­ле­ка што од­го­ва­ра­ат на нив­ни­те кон­фек­ци­ски бро­е­ви и по­са­ку­ван изг­лед. Во на­ред­ни­те не­кол­ку ме­се­ци со пет­ми­на од нив (за жал, од ло­ги­стич­ки при­чи­ни, ед­на учес­нич­ка не мо­же­ше да би­де дел од оваа фа­за) беа на­пра­ве­ни про­фе­си­о­нал­ни фо­то­се­сии ка­де што се­кој од нив има­ше мож­ност да се транс­фор­ми­ра во мо­дел. И по­крај тоа што се ра­бо­те­ше за во­зрас­ни ин­ди­ви­дуи со со­се­ма раз­лич­ни пре­диз­ви­ци и сти­ло­ви, на­и­дов­ме на не­кол­ку сов­па­ѓа­ња.

Во по­че­то­кот, ре­чи­си си­те учес­ни­ци из­ја­ви­ја де­ка теж­не­ат кон т.н. спорт­ски / ко­мо­тен изг­лед. Спорт­ска­та об­ле­ка е ре­ла­тив­но прис­по­соб­ли­ва и лес­на за об­ле­ку­ва­ње, што ја пра­ви по­себ­но пра­ктич­на, иа­ко, мо­же­би, не е баш со­од­вет­на за раз­ни при­го­ди (и не по се­чиј вкус). Не­кои од учес­ни­ци­те јас­но из­ја­ви­ја де­ка спорт­ски­от изг­лед и не им е се­ко­гаш пре­фе­ри­ран изг­лед и би са­ка­ле по­ве­ќе да екс­пе­ри­мен­ти­ра­ат.

По­на­та­му, са­мо­стој­но­ста бе­ше проб­лем кај си­те учес­ни­ци и за­зе­ма­ше по­ве­ќе об­ли­ци. Кај учес­ни­ци­те со те­лес­на спре­че­ност бе­ше отеж­на­то са­мо­то об­ле­ку­ва­ње за кое, по­ра­ди кро­јот на пар­че­то об­ле­ка, од­нос­но мо­де­лот на чев­ли, че­сто бе­ше по­треб­на аси­стен­ци­ја. Кај ли­ца­та со Да­у­нов син­дром, и по­крај ми­нор­ни­те те­шко­тии по­вр­за­ни со фи­на­та мо­то­ри­ка, са­мо­стој­но­ста при об­ле­ку­ва­ње­то не бе­ше тол­ку за­сег­на­та кол­ку са­мо­стој­но­ста при из­бо­рот. И по­крај тоа што тие имаа учес­тво во из­бо­рот на об­ле­ка, од фи­нан­си­ски при­чи­ни или со цел „да не на­пра­ват не­со­од­ве­тен из­бор“, во го­ле­ма ме­ра за тоа што да ку­пат или об­ле­чат ре­ша­ваа нив­ни­те ро­ди­те­ли или се­стри. До­пол­ни­те­лен проб­лем бе­ше по­тре­ба­та од прис­по­со­бу­ва­ње и ме­ну­ва­ње на об­ле­ка­та, ка­ко на при­мер, ре­чи­си ру­тин­ско­то кра­те­ње на ра­ка­ви и на но­га­ви­ци по­ра­ди не­до­вол­ни­от из­бор на об­ле­ка со раз­ни дол­жи­ни / ши­ри­ни во про­дав­ни­ци­те и спе­ци­фич­ни­те про­пор­ции кај ли­ца­та со Да­у­нов син­дром. Кај тие со оште­тен вид, пак, не­до­сти­гот од са­мо­стој­ност бе­ше нај­и­зра­зен би­деј­ќи тие не­маа на­чин ка­ко са­ми­те да од­бе­рат об­ле­ка – тие во нај­го­ле­ма ме­ра беа за­вис­ни од на­чи­нот на кој вра­бо­те­ни­те во про­дав­ни­ца­та и нив­ни­те при­друж­ни­ци ги опи­шу­ва­ат пар­чи­ња­та об­ле­ка и чев­ли­те.

На на­ше го­ле­мо за­до­волс­тво, си­те учес­ни­ци на свој на­чин ужи­ваа во фо­то­гра­фи­ра­ње­то. Не­кои од нив сме­таа де­ка фо­то­се­си­ја­та им да­де мож­ност да екс­пе­ри­мен­ти­ра­ат со сво­јот изг­лед и да ис­про­ба­ат фри­зу­ра, стил на шмин­ка­ње и до­да­то­ци што се не­во­о­би­ча­е­ни за нив. На дру­ги оми­лен дел им бе­ше мож­но­ста да вле­зат во не­се­којд­нев­на уло­га на мо­де­ли, па и по­крај тоа што про­це­сот на фо­то­гра­фи­ра­ње бе­ше на мо­мен­ти на­по­рен, тие со за­до­волс­тво по­зи­раа. И, ко­неч­но, се­кој од нив из­ја­ви де­ка, мо­же­би, нај­до­бар впе­ча­ток им оста­ви со­ра­бо­тка­та со ти­мот што ги кон­сул­ти­ра­ше при из­бо­рот на об­ле­ка, им да­ва­ше под­др­шка при об­ле­ку­ва­ње­то ко­га таа бе­ше по­треб­на и, ед­но­став­но, ги тре­ти­ра­ше ка­ко лич­но­сти со свои жел­би, идеи и стил.

На 17 но­ем­ври во Ма­ла ста­ни­ца се одр­жа из­лож­ба ка­де што беа при­ка­жа­ни дел од фо­то­гра­фи­и­те, при­дру­же­ни со ау­ди­о­об­јас­ну­ва­ње на се­ко­ја од нив, „спа­ку­ва­но“ во QR код. Цел­та на овој за­вр­шен на­стан бе­ше да ги пре­зен­ти­ра зак­лу­чо­ци­те од овој истра­жу­вач­ки про­ект, но и да пот­тик­не лу­ѓе од кре­а­тив­ни­те ин­ду­стрии и сопс­тве­ни­ци на про­дав­ни­ци за об­ле­ка да раз­мис­лат за тоа ка­ко мо­жат да ги на­пра­ват сво­и­те про­из­во­ди и ус­лу­ги по­инк­лу­зив­ни.

Во ра­ни­те фа­зи на ос­мис­лу­ва­ње на про­е­ктот по­сто­ја­но се пре­ис­пи­ту­вав­ме да­ли, во си­ту­а­ци­ја ко­га ли­ца­та со преч­ки во раз­во­јот во Ма­ке­до­ни­ја се со­о­чу­ва­ат со нај­раз­лич­ни пре­диз­ви­ци – во здрав­ство­то, обра­зо­ва­ни­е­то, вра­бо­ту­ва­ње­то, до­му­ва­ње­то –  не е, мо­же­би, мал­ку по­врш­но да поч­не­ме со ини­ци­ја­ти­ва по­све­те­на на об­ле­ка. Се­пак, по раз­го­во­ри­те со на­ши­те учес­ни­ци во про­е­ктот и нив­ни­те бли­ски, сфа­тив­ме де­ка не са­мо што е те­ма од иск­лу­чи­тел­на важ­ност, би­деј­ќи над­во­реш­ни­от изг­лед е не­раз­дел­на ком­по­нен­та од лич­но­ста, ту­ку неј­зи­но­то из­бег­ну­ва­ње би зна­че­ло не­ги­ра­ње на по­тре­ба­та од лич­на екс­пре­си­ја, ко­ја, ка­ко и си­те дру­ги лу­ѓе, ја има­ат и тие со преч­ки во раз­во­јот. Ди­зај­нот на об­ле­ка, са­мо­стој­но­ста при ку­пу­ва­ње­то, оп­се­гот на про­из­во­ди што се ну­дат, ин­ста­ли­ра­ње­то ши­ро­ки ка­би­ни за про­бу­ва­ње и под­го­тве­но­ста на вра­бо­те­ни­от ка­дар за по­мош и за под­др­шка, не се са­мо ре­ше­ни­ја на еден мар­ги­на­лен проб­лем, ту­ку ви­стин­ска реф­ле­кси­ја на при­стап­но­ста и на инк­лу­зив­но­ста на оп­штес­тво­то кон ко­ја тре­ба кон­ти­ну­и­ра­но да се стре­ми­ме.  


(Автор­ка­та е де­фе­кто­лог и ло­го­пед)

Напишете коментар