Доза вести

На 26-ти септември по 16-ти пат „Бела ноќ“ во Скопје

Време на читање: 3 минути
- банер -

На 26-ти септември во Скопје по 16-ти пат ќе се одржи манифестација „Бела ноќ“. Оваа година на 10 различни локации низ градот, со концерти, изложби, филмски проекции, театарски содржини и други културни содржини.

„Бела ноќ“ ќе започне во 18 часот со концертот „Ние сме од Скопје“ пред МКЦ, на кој ќе учествуваат „ПМГ Колектив“, „Сетстат“, „Барум Барум“, „Галатеа“, Роботек, Видиновски, „Кантон6“, Александар Велики, „Искра“, „Светлост“, а потоа паралелно ќе се одвиваат преостанатите настани низ Скопје. Во Младинскиот културен центар ќе бидат отворени и изложбите „П0вт0рн0 на 0“ – фотографии на Илина Арсова, но и изложба во чест на Димитар Младеновски. Влезот за настаните е бесплатен, а билетите можат да се подигнат во билетарата на МКЦ.

Во 19 часот, на Архитектонскиот факултет ќе биде отворена изложбата „Urban snake experience“, на која ќе се собираат сретства за интервенција во дворот на студентски дом Гоце Делчев, а истовремено во паркот „Ибни Пајко“ ќе започне театарската претстава „Не ми го чепкај пивото“, од театарот „Златен Елец“. Во паркот „Ибни пајко„ присутните ќе може да ги видат и светлосните инсталации на Андре Ѓеоргиевски и Ана Трајковска, како и онаа на Перо Кованцалиев.

Во 20 часот пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе започне музичкиот концерт „Скопски евергрини“ на кој ќе настапат Влатко СтефановскиТамара ТодевскаДариоЈаков Дренковски„Силви Бенд“Мики Јовановски – Џафер, „Фиц Студени Нозе“Венко Серафимов, Леа и бендот „Дупер“. Во 20 часот на Зелен пазар ќе се отвори и групната изложба „ПАЗАР’т: кој се плаши од невидливата рака, ноќе“, на која ќе учествуваат 15 автори. Истовремено, на „Зелениот кров“ на Градскиот трговски центар ќе биде отворена групната изложба „Артхаб“ на 4 млади уметници, членови на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, а ќе започне и концертот „AVP project“ на Антоние Весковски. Во 20 часот, закажано е и поетско читање во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ на кое поезија ќе чита новата генерација современи македонски поети. Во 20 часот во Даут Пашин Амам ќе биде отворена изложва со видеа од колекцијата и одделни дела на уметниците во сопственост на Националната галерија, но и „Карантински дневници“ – видеа од уметниците во текот на изолацијата од Ковид-19.

- банер -

Веќе во 20: 30 часот, во паркот кај „Ибни Пајко“ ќе започне втората театарска изведба „ГА__2m__ЛЕБ“, испитна претстава на студентите на Факултетот за драмски уметности, според текстот „Галеб“ од А.П. Чехов. Истовремено, во Музејот на современа уметност во 20:30 часот ќе започне првата од трите активности на оваа локација, „Градот убав“ – мултидимензионален перформанс на Горазд Кени, Филип Димишковски и Андреј Павлов, поезија придружена со пијано и изложба на мурали. Потоа, ќе следуваат драмскиот перформанс „Боите на ноќта“ на Ема Попивода и Ивана Павлаковиќ, за на крај да следи концертот „Урбана симбиоза“ на Тринити Стрингс. Во Работиничкиот универзитет „Кочо Рацин“ во 20 и 30 часот ќе започне филмската проекција на „Ladybird“ во режија на Грета Гервик, а потоа ќе следи прикажувањето на „Американска историја Х“ во режија на Тони Кеј.

Во 21 часот, на платото пред Народната опера и балет, концерт ќе одржи првенката на НОБ, сопранката Славица Петровска Галиќ, придружена со гости солисти – нејзини студенти низ годините. За во 21 часот закажан е и концерт во Градскиот трговски центар на дуо кларинетите Ѓоревски – Бакревски.

Во 22 часот во паркот „Ибни Пајко“ современ џес концерт ќе остварат „Зулу 3.4“, а по нив ќе следи современиот џез концерт на „Кабадајас“. Истовремено во паркот ќе биде и отворен перформансот на „Ботегга евенти“.

Напишете коментар