Рамајана во Дебар Маало ќе ви ги понуди честитките и списанието
Празничната атмосфера поттикна еуфорија и кај нашата продавачка Рамајана Реџепи.
Меѓу омилените места за продажба на „Лице в лице“ ѝ е скопско Дебар Маало, па многу често ќе ја пресретнете низ кафулињата и рестораните.
Освен списанието, Рамајана може да ви ги понуди и новогодишните честитки на „Лице в лице“.
И оваа година за само 50 денари, ќе можете да изненадите некого, а со тоа ќе ја поддржите Рамајана во процесот на работна интеграција.
Заедно со тим на Дневниот центар за деца на улица во Шуто Оризари, од каде доаѓа таа како продавачка на „Лице в лице“, како и со поддршка на социјалното менторство, Рамајана добива стручна поддршка која ја насочува кон пазар на труд.
Многупати кажува дека сака да биде полицајка, но тимот ги гледа нејзините комуникациски вештини и верува дека може друга област да е нејзиниот вистински талент.