Доза вести

Обука за новинар(к)и: Научи да препознаваш родови дезинформации и добиј поддршка за своја содржина

Povik inkluzivni mediumski storii

Мрежа „Стела“ повикува новинар(к)и на дводневна обука за препознавање родови дезинформации и справување со дигитално родово-базирано насилство. Аплицирај до 23-ти ноември, развиј сторија со менторска поддршка и финансиска помош, а „Лице в лице“ ќе го објави твојот труд на веб.

Мрежата „Стела“ објави повик за новинарки и новинари кои сакаат да учествуваат на дводневна обука посветена на препознавање и справување со родови дезинформации, како и информирање и справување со дигитално родово базирано насилство.

По обуката, учесниците ќе добијат менторска поддршка и финансиски придонес за развој на своја медиумска сторија која може да е текст, видео, подкаст, интервју или фото-есеј.

Заинтересираните кандидатки и кандидати треба да испратат кратка биографија, пример ор претходни изработени сотрии и мотивациско писмо до 300 зборови. Аплицирањето е до 23-ти ноември, преку мејлот [email protected].

Избраните новинарки и новинари ќе добијат менторска поддршка и финансиски придонес за развој на содржините. Финалните содржини ќе бидат објавени на веб-страницата на „Лице в лице“, како дел од нашата мисија за видливост на инклузивни медиумски практики.

Напишете коментар