Доза вести

Новинарството како мост до социјална правда: прогласени добитниците на „Гласник на невидливите“ 2025

Време на читање: 1 минута

Објавени се добитниците на наградата „Гласник на невидливите“ за 2025 година, која
ја доделува Македонска платформа против сиромаштија (МППС) за новинарски производи поврзани со сиромаштија и социјална исклученост. Станува збор за новинарски стории кои ги оценува жири составено од луѓе со искуство во сиромаштија и социјална исклученост.

Ова се добитниците на наградата, по азбучен ред:

Ана Арсеновска Зафирова – Каков 8 март одбележуваат жените, мајки на деца со аутизам“

Гоше Николов – „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со попреченост“

Емилија Бунтеска Нацоска – „Расте бројот на гладни, редиците пред народните кујни сѐ подолги“

Кристијан Ландов – „Претрес: Од раскош до бездомништво, од семејство до улица – сурови животни приказни“

Љубица Иванова – На улица наместо во училишните клупи – Македонија без решение за децата од улица“

Наташа Доковска – „Менструацијата не е луксуз – зошто боли двојно во сиромаштија?“

Слободан Иванов – „Пристап до објекти, образование и вработување – најчести предизвици за лицата со попреченост“

Доделувањето на наградите ќе биде овој четврток, 17.07.2025 година, во Собрание бистро.

МППС, осма година по ред, ја доделува оваа награда на, како што посочуваат, „новинари кои ги гледаат невидливите“. Станува збор за доделување на наградите за новинарство „одоздола“, односно награди за новинари кои работат на теми поврзани со сиромаштија и социјална исклученост, а на тој начин им даваат глас на луѓето кои ретко имаат можност јавно да зборуваат за своите проблеми и се речиси општествено невидливи.

Наградите имаат за цел промовирање на новинарство кое ги опфаќа многуте аспекти на сиромаштијата и социјалната исклученост, поддржуваат известување кое ги почитува граѓаните и внимава на нивното достоинство и изразуваат поддршка на новинарите кои им даваат видливост и гласност на граѓаните кои вообичаено не ги гледаме и слушаме. Конечната цел е да се доделат награди на општествено посветени новинари, кои внимаваат да не градат стереотипи и не се водат од сензационализам.

Напишете коментар