Охридските плажи преполни за BEACH FILM FESTIVAL
Од вечерва започна седмото издание на BEACH FILM FESTIVAL во Охрид и ќе трае од 17 до 21 јули! Уживајте оваа година на три локации Плажа Славија, Плажа Сараиште и Брод Армада.
Договорот за долги и прекрасни ноќи оваа година звучи вака:
Најмладите посетители за време на фестивалските денови од 20.00 часот на Плажа Сараиште бесплатно ќе може да ги следи филмовите наменети токму за нив. Додека вие кои не сте дел од најмладите или можеби не сте дојдени со нив во Охрид имате програма тука!
Верувајте, нема зошто да пропуштите културен настан од огромно значење во државата. Поттикнувајќи ја филмската писменост, фестивалот служи како доказ за моќта на киното во премостувањето на културите, промовирањето на различностите и разгорувањето на страста за раскажување приказни. Без разлика дали сте филмофил, млад филмски режисер или едноставно поединец кој сака да го истражи богатството на европската кинематографија, овој фестивал е правата дестинација за ова лето.
Пет ноќи под ѕвездите и незаборавно искуство на платно, искористете ги паметно! 😊