Онлајн настан на 31 март: социјалната економија е од суштинско значење за одговор на зголемената невработеност во Ковид 19
„Улогата на социјалната економија во градењето инклузивни деловни модели: Бизнисите по Covid-19“.
Ова е фокус на настанот на 31 март, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, како дел од проектот IN4BTE (Информации, консултации и права на учество, како фактор за успех во трансферот на бизнисите кон вработените во мали и средни претпријатија).
Состојбата со пандемијата ја изнесе на површина потребата од што повеќе одржливи практики, особено врзани за локалната заедница. Социјалната економија е од суштинско значење за одговор на зголемената невработеност во една од најголемите кризи во човештвото.
Се очекува дека негативните ефекти од оваа состојба ќе бидат далку посериозни од кризата во 2008 година.
Од друга страна, на ниво на ЕУ постои зголемено препознавање на социјалната економија како дел од економијата водена пред сѐ од колективните интереси, како и од социјални и еколошки цели.
Главната цел на настанот што ќе се случува крајот на месецов е да се продолжи со дебатата за акциониот план на ЕУ за социјална економија што е во фаза на развој и да се приближи оваа иницијатива до засегнатите страни од Западен Балкан.
Дополнителна цел на настанот е да обезбеди преглед на политиките, добрите практики на ангажирање на работниците како механизам за поддршка во време на финансиска криза.
Целата агенда – на линкот
Линк за регистрација: https://us02web.zoom.us/meetin…