Отворен повик за млади креативци и гејмери за изработка на концепт за видео игра
Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ во рамките на проектот „Видео игротека“ објавува повик за подготовка на концепт за видео игра на тема „Зачувување на животната средина“ за млади на возраст од 10 до 18 години со цел подигање на свеста за заштита на животната средина. Екологијата е тема која е актуелна и етичкиот однос кон животната средина е клучен за развој на едно општество, култура и економија, а истовремено младите се учат и како да ги користат новите технологии на креативен начин.
Натпреварувачите ќе треба да смислат концепт за играта, да приложат минимум 5 слики и нацрти (концепт артови или дизајни) за играта. Идеите ќе ги оценува стручно жири составено од програмери, гејмери, професори, а најдобриот концепт ќе добие награда – професионални гејмерски слушалки.
Цел на проектот е да се промовира етички однос кон природата и ќе го потенцира овој проблем како многу битен и клучен за развој нa здраво општество и земја. Видео игрите кои се дел од активностите од проектот треба да послужат како алатки за подигање на општествената свест кај младите. Идејата е и младите да се запознааат со креативните можности кои ги нуди еден од најбрзо растечките нови медиуми, а тоа се видео игрите.
Право да учествуваат на овој повик имаат тимови и индивидуалци кои можат да аплицираат најмногу со по два концепти за видео игри.
Предлозите за игрите да се испраќаат на [email protected] најдоцна до 18 октомври 2020.
Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии УМПАКИ – Скопје, како единствена организација од овој вид во државата (која вклучува различни асоцијации од областа на креативните индустрии) посветена на унапредување и развој на сите сегменти на креативните индустрии. Проектот „Видео игротека“ е поддржан од Министерството за култура.