#40 „Лице в лице“ – eлектронска верзијa
100 ден
Списанието го добивате на вашиот мејл, кој го доставувате заедно со оваа нарачка. Во оваа вонредна ситуација, продавачите на „Лице в лице“ не се на своите работни места, од разбирливи, превентивни причини.
Со секоја нарачка на списанието, половина од сумата ќе биде искористена во набавка на производи за продавачите на „Лице в лице“. На ваков начин останувате информирани за важни теми од нашето опкружување, и во исто време – давате придонес во зајакнувањето на ранливите сограѓани.
„Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.
АКТУЕЛНО ВО НОВИОТ БРОЈ
6 ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: СЕДИ СИ ДОМА И ЧИТАЈ ЛИЦЕ В ЛИЦЕ – ИНИЦИЈАТИВА ШТО НЀ ОБЕДИНИ
Пн.Ковид-19 беше удар за продавачите на уличен печат низ светот. Но, се обидовме проблемот да го гледаме како предизвик, се загледавме во можностите и создадовме уште посилна заедница на поддржувачи, која се обедини во спроведување на решението. И ја остваривме целта – на ниеден од продавачите не му беше загрозена егзистенцијата.
10 ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: НЕЗАДОВОЛСТВОТО НА ЧОВЕКОТ – ПРЕДУСЛОВ ЗА ЕВОЛУЦИЈА
Како би можело да изгледа едно сценарио за тоа што е неопходно да се направи сега, кога светот е сведок на моментот на пауза од кој, можеби, може да се почне одново. На страниците пред вас се изјави од тројца научни работници и практичари дадени за „Фајненшал тајмс“, „Ла република“, „Хафингтон пост“ и „Медиум“. Преку нивните размислувања се кристализира можно, но и моќно сценарио базирано на нивната долгогодишна научна и претприемачка историја за тоа што е можно во периодот што е непосредно пред нас.
22 ЛИЦЕ В ЛИЦЕ ТЕМА: ПОСТОЈНИОТ ЕКОНОМСКИ МОДЕЛ НЕ ДОНЕСЕ ПОСАКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ, ВРЕМЕ Е ЗА РАДИКАЛНИ ПРОМЕНИ
Во контекст на Агендата за одржлив развој 2030 година, неопходно е да го негуваме развојот на социјалните претпријатија како ефективна алатка во трансформирањето на светот и на економијата. Нив треба да ги гледаме како основа за локален развој, која ги регенерира и развива локалните области преку нови работни места, мобилизација на локалните ресурси и капацитети, управување на ризиците и реинвестирање на остварениот профит.
26 ОДГОВОРНА ИДНИНА: ИГНОРИРАНИ ПОТЕНЦИЈАЛИ: ПОЧВА, СОНЦЕ, СЕЛО
И покрај тоа што од селата ни доаѓа највкусната еколошка храна, системот и понатаму ги заборава. Ако продолжи ова темпо на иселување за десетина години ќе јадеме увезена храна без никаква гаранција за квалитет. Поголемите градови Скопје, Тетово и Битола ќе станат уште понехумани за живеење, а нашите планински села ќе бидат речиси празни.
38 ОБРАЗОВАНИЕ: УЧИЛИШТЕТО Е РОДНО МЕСТО НА НОВИОТ ПОДОБАР СВЕТ
Суштината на образованието бара од нас да го научиме детето како да биде вистински човек, како да се соочи со животот, како да успее и, што е најважно, како да биде, навистина, среќно.