43-тиот број е посветен на иднината на правата на човекот.
Што добивате?
- пристап на сите содржини на
дигиталната платформа на „Лице в лице“ во времетраење од два месеци. Вашиот профил се активира автоматски со купувањето, со вашата мејл адреса, која ја внесувате овде при плаќањето.
Го задржуваме принципот 50-50, а сега, градиме и заедница одговорни граѓани. Купувајќи единечно издание, вашата инвестиција во одржливиот развој и инклузивното општество, ја вложуваме на следниов начин:
- кај вашиот омилен продавач/продавачка, доколку внесете код на продавач во полето за купон. Прочитајте овде за
продавачите и нивните кодови.
или
- во социјалната иновација Социјално менторство, преку која продавачите се менторираат и се градат нивните вештини за отворениот пазар на труд.
„Лице в лице“ им е потребно на продавачите и секако, на својата верна, активна публика – за да остане со здрава и активна мисла, за силно, одржливо општество.